Slide 1
Slide 1

Вести

Volvo во април продал двојно повеќе автомобили во споредба со минатата година

Slide 1
Slide 1

04/05/2021

Volvo Cars стигна до континуиран раст на продажбата и десетти месец по ред, а април донесе и речиси двојно повеќе продадени автомобили во однос на април во 2020 година.

Премиум брендот испорачал 31.760 автомобили во четвртиот месец годинава, што е раст за 97,5 проценти во однос на ланскиот април, а најголеми „виновници“ за ваквиот раст се купувачите во САД и Европа, каде поголемиот интерес е и под влијание на рестрикциите поради пандемијата кои беа актуелни минатата година.

Уште поважно, продажбата на Volvo Cars стигна до 248.422 примероци во периодот меѓу јануари и април, што е подобар резултат за цели 51,8 проценти во однос на првата третина од 2020 година.

Recharge моделите кои ја претставуваат електричната и плаг-ин хибрид понудата на Volvo стигна до учество со 42 проценти во продажбата во Европа, додека на глобално ниво уделот е респектабилни 24,3%.

Најпродаван модел со логото на Volvo Cars останува XC40, кој во април стигнал до 19.833 нови купувачи, а следуваат поголемите SUV роднини, XC60 и XC90.

Повеќе содржини за Volvo:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови