Slide

Стории

Volvo за 2 години ќе воведе нова технологија за производство на долниот дел од каросеријата од еден голем алуминиумски дел

Slide

Плановите на Volvo се фабриката во Торсланда да започне со новиот производствен процес во 2025 година, што коинцидира со планираниот старт на производството на првиот електричен модел во таа фарбика, каде во моментов се произведуваат моделите XC90, XC60 како и караванот V90. (производство на V90 во фабриката во Торсланда.)

13/02/2023

Според извештаите, во најголемата и најстара фабрика на шведскиот премиум производител Volvo ќе бидат инсталирани две од најголемите машини за производство на алуминиумски компоненти за подлогата на каросеријата кај електричните возила.

Volvo за партнер при транзицијата на овој дел од производствениот процес го избра швајцарскиот добавувач Bühler, во обидот да ја забрза трансформацијата на фабриката кон процес на производство на големи алуминиумски компоненти, како што тоа го прави американскиот конкурент Tesla.

Се работи за добавуач од Швајцарија, компанија која е основана далечната 1860 година и која е активна во производство на машини за обликување на алуминиумски делови во последните 90 години. Седиштето на компанијата е во Узвил, Швајцарија.

Volvo веќе има набавено две машини од Bühler наманети за производство на големи алуминиумски компоненти, кои ќе се произведуваат во фабриката во Торсланда во Шведска.

Од Volvo информираат дека имале преговори со неколку добавувачи, пред да го изберат швајцарскиот партнер.

Сепак, понудата во овој дел е прилично ограничена. Bühler го лансираше новото решение за обликување на големи алуминиумски делови во 2021 година, додека нивниот главен ривал, италијанската компанија Idra, лансираше свој производ наречен “Giga Press”, во 2019 година.

На Италијаните им беа потребни три години и безмалку 2 милијарди евра да успеат да ја креираат Giga Press.

Во однос на Idra, се работи за италијански добавувач во сопственост на кинеска компанија, која не ги открива своите клиенти, но сигурно е дека во моментов нејзин клиент е американскиот производител Tesla, бидејќи на дел од фотографиите кои ги презентираше Илон Маск од својата Giga Press, јасно се гледа логото на Idra.

Преминот кон користење на вакви машини за креирање на големи алуминиумски компоненти е “најголемиот технолошки скок, по оној кога за производство на автомобилските каросерии се премина од дрво на челик”, изјави Микаел Фермер, инженер задолжен за платформите на Volvo.

 Во меѓувреме, Хавиер Варела, директорот на инженерскиот тим и операции во Volvo, изјави дека во моментов овој начин на “megacasting”, овозможува дури 75% заштеда на време споредено со традиционалниот начин на спојување на алуминиумските делови во една поголема целина.

Според швајцарскиот Bühler, новиот начин овозможува помеѓу 70 и 100% од алуминиумските делови да бидат заменети со еден голем алуминиумски дел.

Воведувањето на новиот начин на производство е дел од една милијарда евра вредната инвестиција на Volvo за подготовка на фабриката во Торсланда за ерата кога шведскиот производител ќе произведува само електрични автомобили.

Плановите на Volvo се фабриката во Торсланда да започне со новиот производствен процес во 2025 година, што коинцидира со планираниот старт на производството на првиот електричен модел во таа фарбика, каде во моментов се произведуваат моделите XC90, XC60 како и караванот V90.

“Volvo Cars” е еден од првите автомобилски производители кој го воведува овој производствен метод”, изјави Корнел Мендлер, оперативен директор во Bühler.

Фабриката на Volvo во Торсланда, во близина на Гетеборг, која е отворена далечната 1964 година, ќе претрпи големи промени при нејзината пренамена за производство на електрични автомобили. Дел од овие промени предвидуваат воведување на нова производствена единица за батерии и интегрирање на батериските ќелии и модули во долниот дел на каросеријата на електричните возила.

Плановите на Volvo се амбициозни, но не и неостварливи: тие планираат до 2025 година половина од глобалните продажби, односно околу 600,000 автомобили да бидат со електричен погон, додека до 2030 година да произведуваат само електрични автомобили.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба