Slider

Вести

Volvo започна со склопување на батерии во фабриката во Гент

Slider

Шведскиот бренд најави дека ќе вклучи иста активност и во новата фабрика во Чарлстон (САД), а има потпишано договори со CATL од Кина и LG Chem од Јужна Кореја за добивање на потребната количина батерии

06/03/2020

Откако веќе го претстави својот електричен модел XC40 Recharge P8, Volvo ги засили своите активности и во однос на подоброто снабдување со батериите кои ќе бидат основен елемент во периодот на целосна електрификација на портфолиото.

Поради ова, во фабриката во Гент беше стартувана линија за склопување батерии, а како најава и за производството на електричниот XC40 во продолжение од годината.

– Среќен сум што можам да го прославам овој важен момент со нашите вработени во Гент. Како прва фабрика која добива можност за склопување на батерии, Гент ќе има пионерска улога во моментите кога ја подготвуваме нашата производствена мрежа за електрификацијата, – изјавил Герт Брујнел од Volvo Cars.

Фабриката во Гент произведува автомобили од брендот Volvo од 1965 година и во моментов има околу 6.500 вработени.

Шведскиот бренд најави дека ќе вклучи иста активност и во новата фабрика во Чарлстон (САД), а има потпишано договори со CATL од Кина и LG Chem од Јужна Кореја за добивање на потребната количина батерии.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider