Slider

Вести

Возачите на Kia Sorento ќе ги следат мртвите агли на дигиталната инструмент табла

Slider

Новата 12,3-инчна дигитална инструмент табла на Sorento ќе вклучува можност за следење на двата мртви агли на делот од екранот каде вообичаено се прикажуваат брзинометарот, односно тахометарот, со што возачот добива дополнител „пар очи“ за што поголема безбедност при престројување

11/05/2020

Новата генерација на Kia Sorento ќе интегрира голем број технолошки иновации поврзани со безбедноста или системите за асистенција на возачот, а еден од поинтересните новитети е системот за следење на движење во мртов агол.

Новата 12,3-инчна дигитална инструмент табла на Sorento ќе вклучува можност за следење на двата мртви агли на делот од екранот каде вообичаено се прикажуваат брзинометарот, односно тахометарот, со што возачот добива дополнител „пар очи“ за што поголема безбедност при престројување.

Сликата доаѓа од дискретните камери со широк агол и висока резолуција, кои се скриени во куќиштата на ретровизорите на вратата. Истите обезбедуваат поширок агол на гледање од самите ретровизори за да им овозможат на возачите јасен преглед на другото возило.

BVM технологијата на Kia им се нуди на европските купувачи во Sorento, како дел од пакетот кој вклучува Surround View Monitor и Parking Collision-Avoidance Assist, кои овозможуваат помош при возење и при паркирање, како и Bose висококвалитетен аудио систем.

Овој пакет технологии е достапен за европските возила опремени со функцијата Blind-Spot Collision-Avoidance Assist, која им помага на возачите да избегнуваат судир со возила од слепата точка и интервенираат доколку е потребно.

Дигиталната „Supervision“ на Kia е дизајнирана да им доставува информации на возачите што е можно појасно. Со дисплеј со резолуција од 1920×720 пиксели, дигиталната инструмент табла ги заменува конвенционалните показатели на брзинометар и тахометар со единечен, лесен дисплеј, во кој се вклучени дигитални показатели за брзина на возилото и моторот.

Мултифункционалниот дисплеј прикажува упатства за навигацијата, информации за аудиото и детални информации за патувањето, како и предупредувања и известувања што се појавуваат поврзани со различните активни технологии за безбедност.

Повеќе содржини за Kia

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider