Slider

Тестови

Возевме Ford Focus ST – Компакт специјалитет со потпис на Ford Performance

Slider

Најпребирливите фанови на Ford Focus секогаш сакаат нешто повеќе од класичната понуда. На нивно задоволство, веќе пристигна новата генерација на Focus ST, a ние имавме ексклузивна можност да ги почувствуваме неговите најсилни страни на медиумската презентација во Хрватска

03/10/2019

Автомобил како Ford Focus има целосно право да биде горд на своите традиционални вредности кои се потврдуваат од генерација во генерација, а во меѓувреме го „скокотка“ интересот на купувачите и со своите поспортски изведби.

Дали еден компакт со семејни вредности, може да располага со потенцијал вреден и за уживање на патека. Не само што може, туку Ford веќе ја претстави новата генерација на Focus ST, спортска варијација наменета за оние кои сакаат многу поголема моќ на располагање.

За да биде уште поважен играч во сегментот, Ford го понуди Focus ST и со дизел мотор, а изборот е проширен и меѓу хечбек и комби изведба.

Привилегија беше да присуствуваме на официјалната регионална презентација на овој модел во Хрватска и на Јадранот да ги забележиме адреналинските приказни кои ги раскажува Focus ST и тоа со својот 2.3-литарски EcoBoost бензински мотор, кој е толку достоен и подготвен за врвни перформанси, што е дел и од понудата на Mustang во Европа (со малку повеќе коњски сили).

Жестокото срце на овој Focus располага со 280 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm, нешто што доволно најавува колку ни беше интересно и возбудливо додека издувот не информираше за ритамот на погонската единица.

Новата C2 платформа со одредени ревизии поврзани со спортскиот карактер му годи и на продуктот на Ford Performance секторот, чии инженери извлекоа 12 проценти повеќе моќност во однос на претходната генерација, а вметнаа и дополнителни квалитети како електронски контролирано блокирање на диференцијал на предната оска кај бензинската изведба, со што се добива поголема стабилност во свијоците.

Жестока машина
Жестока машина
Жестока машина
2.3-литарскиот EcoBoost на овој Focus располага со 280 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm
2.3-литарскиот EcoBoost на овој Focus располага со 280 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm
2.3-литарскиот EcoBoost на овој Focus располага со 280 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Потписот на Ford Performance
Потписот на Ford Performance
Потписот на Ford Performance
Focus ST e специјалитет на европскиот оддел на Ford Performance. Инженерите ја зголемија моќноста за 12 проценти, а спринтот до стотка трае само 5,7 секунди
Focus ST e специјалитет на европскиот оддел на Ford Performance. Инженерите ја зголемија моќноста за 12 проценти, а спринтот до стотка трае само 5,7 секунди
Focus ST e специјалитет на европскиот оддел на Ford Performance. Инженерите ја зголемија моќноста за 12 проценти, а спринтот до стотка трае само 5,7 секунди
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Спортски амбиент
Спортски амбиент
Спортски амбиент
Специјалните ST елементи на есктериерот и во ентериерот го истакнуваат спортскиот карактер, а посебен третман нудат Recaro седиштата
Специјалните ST елементи на есктериерот и во ентериерот го истакнуваат спортскиот карактер, а посебен третман нудат Recaro седиштата
Специјалните ST елементи на есктериерот и во ентериерот го истакнуваат спортскиот карактер, а посебен третман нудат Recaro седиштата
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Orange Fury
Orange Fury
Orange Fury
Портокаловата боја Orange Fury ќе биде достапна само со Ford Focus ST. Лично се уверивме дека му стои добро...
Портокаловата боја Orange Fury ќе биде достапна само со Ford Focus ST. Лично се уверивме дека му стои добро...
Портокаловата боја Orange Fury ќе биде достапна само со Ford Focus ST. Лично се уверивме дека му стои добро...
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
SYNC 3
SYNC 3
SYNC 3
Инфо-забавниот систем SYNC 3 се вклопува совршено во технолошки напредното и интуитивното процесирање на Focus ST

Зачини со ST печат
Зачини со ST печат
Зачини со ST печат
Покрај „antilag“ системот за експресно забрзување преземен од Ford GT, новиот Focus ST доби електронско блокирање на диференцијал
Покрај „antilag“ системот за експресно забрзување преземен од Ford GT, новиот Focus ST доби електронско блокирање на диференцијал
Покрај „antilag“ системот за експресно забрзување преземен од Ford GT, новиот Focus ST доби електронско блокирање на диференцијал
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
SпецијалитеТ во SплиТ
SпецијалитеТ во SплиТ
SпецијалитеТ во SплиТ
Двете букви раскажуваат возбудлива приказна. Ние ја „слушавме“ во околината на Сплит, а сценариото добива препорака за фановите на спортските компакти
Двете букви раскажуваат возбудлива приказна. Ние ја „слушавме“ во околината на Сплит, а сценариото добива препорака за фановите на спортските компакти
Двете букви раскажуваат возбудлива приказна. Ние ја „слушавме“ во околината на Сплит, а сценариото добива препорака за фановите на спортските компакти
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК

Slider

Возачот има можност да избере неколку режими на возење, по што неговата одлука влијае и на конфигурацијата на подвозјето, а Focus ST од класичен и мирен семеен крстосувач, може да се претвори во вистински ѕвер кој ќе се заканува со спринт до 100 км/ч за само 5,7 секунди.

Километрите минуваат навистина брзо кога се наоѓате на позицијата зад волан, а нема да бидат разочарани и оние кои преферираат дизел мотор, бидејќи во тој случај Focus ST располага со повеќе од респектабилни 190 коњски сили од 2.0-литарскиот EcoBlue мотор кој барем според спецификацијата, ја спушта потрошувачката под 5 литри на 100 километри.

Заштитен знак на Ford Focus е забавата зад волан и неговата фантастична управливост, а Focus ST оди чекор понапред, овозможувајќи дополнителна доза задоволство за возачите кои ќе се одлучат за компактот чиј eLSD систем содржи специјални спојки кои се активираат хидраулично и можат да префрлат 100 проценти од вртежите на едно од двете предни тркала, со што автомобилот ќе реагира сигурно и во најекстремните ситуации при излегување од свијоците.

Ford ги истакнува и сопирачките, односно вниманието кој е посветен на овој елемент, па предните дискови сега се со димензии 330×27 мм и содржат сопирачки клешти со два клипа, со што се добиваат четири пати подобри резултати во однос на претходната генерација на Focus ST.

Спортскиот начин на возење не значи дека Focus ST e помалку безбеден, па овој автомобил доаѓа со голем број безбедносни асистенти и возачки системи во сериската опрема, а притоа ги овозможува и сите предности во однос на конективноста и опциите на SYNC 3 инфо-забавниот систем.

Ford Focus ST е толку интересен предизвик за возачите што тие најчесто сакаат да се на својата позиција во спортското седиште. Но, задоволството е големо и однадвор, бидејќи дизајнерите на Ford успеале да му обезбедат дополнителна динамичност и истакнување на мускулите како атлет во најдобра форма.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider