Slider

Тестови

Возевме Ford Ranger Raptor: Дефиниција за брутално задоволство

Slider

Името Raptor во портфолиото на Ford означува брутална пик-ап изведба, а европските купувачи ја добиваат со освежениот бестселер Ranger. Овој автомобил е подготвен за секакво сценарио, па ако сакате и за рели трка среде пустина

17/10/2019

Откако Ford Ranger стана најпродаван пик-ап во Европа, очекувано беше производителот да направи потег со кој ќе ги помести стандардите во овој интересен сегмент.

Изборот падна на активирање на Ford Performance одделот и креирање најмоќна оф-роуд изведба на Ranger, која со своите ултра способности ќе ја заслужи и наставката Raptor, која веќе се користи и кај бестселерот F-150 кој доминира на американскиот континент.

Еднодневната програма во која на специјализираните новинари требаше да им биде претставен Ford Ranger Raptor, очекувано беше фокусирана на неговите оф-роуд квалитети и карактерот кој го претвора во вистински „тенк“, базиран на успешната пик-ап традиција, но и потврдената спортска ДНК на Ford Performance моделите.

Ranger Raptor е придвижуван од 2.0-литарски EcoBlue дизел мотор со 213 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm, a за пренесување на вртежите е задолжена 10-степената автоматска трансмисија.

Не постои терен кој може да го исплаши овој пик-ап, во тоа се уверивме во бруталната презентација на неговите можности во Хрватска, а од Ford појаснуваат дека неговата издржливост е поголема благодарение на засилената шасија, поголемиот клиренс и специјалните Fox амортизери кои го прават подвозјето поподготвено за нерамен терен.

Возачот на располагање има голем број безбедносни системи, но и асистенција при возење во надолнина, како и можност да избере меѓу шест различни режими при управувањето.

Капацитетот за влечење достигнува 2.500 килограми, а Ford Ranger Raptor може да преминува и преку водена површина до длабочина од 85 сантиметри.

Спортскиот печат се забележува во ентериерот каде може да се најдат повеќе Ford Performance елементи, а возачот и патниците добиваат и технолошки напреден SYNC 3 инфо-забавен систем и 8-инчен екран на централната конзола.

Секако, најважно е што Ranger Raptor делува импресивно без разлика на екстремноста на подлогата, а иако малата зафатнина на би-турбо моторот може да залажува, неговата реална моќ го прават овој Ford немилосрден кон опкружувањето и забавен за возачот.

Погон со 213 кс
Погон со 213 кс
Погон со 213 кс
Ranger Raptor е „потпишан“ од Ford Performance, па не е изненадување што 2.0-литарскиот мотор доаѓа со 213 кс и вртежен момент од одлични 500 Nm

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Жеден за авантури
Жеден за авантури
Жеден за авантури
Овој Ford се адаптира на условите без никаков проблем. Оф-роуд авантурите му се омилен дел од работниот ден, но Ranger Raptor е подготвен и за спринт на отворено
Овој Ford се адаптира на условите без никаков проблем. Оф-роуд авантурите му се омилен дел од работниот ден, но Ranger Raptor е подготвен и за спринт на отворено
Овој Ford се адаптира на условите без никаков проблем. Оф-роуд авантурите му се омилен дел од работниот ден, но е подготвен и за спринт на отворено
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
„Баха“ специјалитет
„Баха“ специјалитет
„Баха“ специјалитет
Возачот има шест опции во зависност од подлогата. „Баха“ режимот овозможува брзо оф-роуд возење, како на истоименото легендарно пустинско рели
Возачот има шест опции во зависност од подлогата. „Баха“ режимот овозможува брзо оф-роуд возење, како на истоименото легендарно пустинско рели
Возачот има шест опции во зависност од подлогата. „Баха“ режимот овозможува брзо оф-роуд возење, како на истоименото легендарно пустинско рели
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider