Slider

Тестови

Возевме Opel Astra: Тивка револуција на германската компакт ѕвезда

Slider

Традиционално Astra e меѓу најважните членови на компакт друштвото, па секоја нова верзија на овој модел привлекува посебно внимание меѓу купувачите. Иако се работи за фејслифт, германскиот бренд направи сериозни подобрувања и понуди нови, поефикасни мотори, што му дава посебно тежина на новото издание на Astra

08/10/2019

Во периодот кога купувачите се фокусирани на кросовер/SUV сегментот, компактите се обидуваат од сенка да ги апострофираат своите класични квалитети и да ја задржат се уште респектабилната позиција на пазарот.

Таков е случајот и со Opel Astra, во европски рамки еден од најпопуларните и модели со најдолга традиција во Ц сегментот, чија освежена верзија наскоро ќе пристигне и во продажните салони, а ние имавме можност да ја запознаеме на германска територија.
Opel ги покани новинарите во Франкфурт, за во неговата околина да имаме можност да ги извозиме првите километри со автомобилот чии дизајнерски промени фактички се и најсуптилен дел од целиот фејслифт пакет.

Модерниот дизајн на Astra и онака не делуваше застарено во однос на ривалите, но малите промени на маската и браникот делуваат како пристојно освежување во вистински момент, истовремено оставајќи повеќе простор да се акцентираат поважните техничко-технолошки надградби кои ги доби компактот од Риселсхајм.

Opel е во еден транзициски период во кој расчистува со GM минатото и добива позитивен импулс од преземањето на PSA Group, па се чини дека Германците извадиле максимум од она што може да се донесе како напредок на се уште актуелната Delta платформа на претходниот сопственик.

До крајот на оваа генерација, Astra ќе се потпира на последното освежување и подобрувањата кои инженерите успеаја да ги реализираат, вклучувајќи ја и одличната аеродинамичност со која може да се пофали (0,26 Cd).

Во кабината е постигнат одличен баланс меѓу класичното и модерното, презема дел од Insignia квалитетите како 8-инчниот централен екран со Navi Pro инфо-забавен систем, а најважните команди се поставени на начин на кој возачот едноставно и интуитивно може да ги користи.

Суптилно освежување
Суптилно освежување
Суптилно освежување
Малите промени на маската, светлата и браникот делуваат како пристојно освежување во вистински момент

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Револуција под поклопецот
Револуција под поклопецот
Револуција под поклопецот
Трицилиндерските мотори отсега ќе имаат главна улога кај Astra. Достапни се бензинци со 110, 13о и 145 кс, како и дизел изведби со 105 и 122 кс
Трицилиндерските мотори отсега ќе имаат главна улога кај Astra. Достапни се бензинци со 110, 13о и 145 кс, како и дизел изведби со 105 и 122 кс
Трицилиндерските мотори отсега ќе имаат главна улога кај Astra. Достапни се бензинци со 110, 13о и 145 кс, како и дизел изведби со 105 и 122 кс
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Поефикасна и поеколошка
Поефикасна и поеколошка
Поефикасна и поеколошка
Просечната потрошувачка е намалена, сите мотори ја исполнуваат 6d нормата, а Opel потенцира дека просечната Co2 емисија на Astra е намалена за дури 21%
Просечната потрошувачка е намалена, сите мотори ја исполнуваат 6d нормата, а Opel потенцира дека просечната Co2 емисија на Astra е намалена за дури 21%
Просечната потрошувачка е намалена, сите мотори ја исполнуваат 6d нормата, а Opel потенцира дека просечната Co2 емисија на Astra е намалена за дури 21%
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Втор најпродаван модел
Втор најпродаван модел
Втор најпродаван модел
Резултатите од првата половина на 2019 г. откриваат дека Astra е втор најпродаван модел на Opel, засега има предност во однос на поактуелните SUV модели
Резултатите од првата половина на 2019 г. откриваат дека Astra е втор најпродаван модел на Opel, засега има предност во однос на поактуелните SUV модели
Резултатите од првата половина на 2019 г. откриваат дека Astra е втор најпродаван модел на Opel, засега има предност во однос на поактуелните SUV модели
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Insignia квалитети
Insignia квалитети
Insignia квалитети
Новата Astra презема дел од Insignia квалитетите како 8-инчниот централен екран со Navi Pro инфо-забавен систем и врвно ниво на конективност
Новата Astra презема дел од Insignia квалитетите како 8-инчниот централен екран со Navi Pro инфо-забавен систем и врвно ниво на конективност
Новата Astra презема дел од Insignia квалитетите како 8-инчниот централен екран со Navi Pro инфо-забавен систем и врвно ниво на конективност
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider

Astra одлично соработува и со Apple CarPlay и Android Auto, a покрај тоа што во понудата ги задржува ултра напредните Matrix LED светла, тие сега доаѓаат и со поголема ефикасност. Претставниците на Opel го истакнуваат и квалитетот на предната и задната камера, Bose аудио-системот кој е достапен за купувачите, како и сериозно важната опција за безжично полнење на телефоните на централната конзола.

Новата Astra доаѓа и со ревидирана шасија и подобра суспензија, нешто што дефинитивно влијае и на подоброто искуство зад воланот, откако Astra по кривулестите магистрални и планински патишта ни докажа дека останува на врвот според прецизното управување, релаксираната атмосфера во кабината и посакуваната економичност.

Последната карактеристика е поврзана со моторите, односно погонските единици, а тој елемент е меѓу поважните во однос на освежената Astra. Одговорните во Opel се решија да понудат само мотори со три цилиндри и тоа подготвени на сопствен начин, што подразбира дека не се директно преземени од портфолиото на PSA Group.

Со оглед на платформата и други објективни причини, Германците подготвија бензински и дизел мотори чии атрибути сметаат дека се соодветни за автомобилот, а во однос на бензинците тоа се 1.2-литарските мотори со 110, 130 и 145 коњски сили, како и 1.4-литарскиот агрегат со 145 коњски сили кој е поврзан со CVT трансмисија (безстепена автоматска трансмисија со опција за мануелен режим со симулирани 7 степени).

Се уверивме дека новата варијација со CVT претставува интересна комбинација, на која откако ќе се адаптирате, добивате релаксирани моменти зад воланот и достапни порадикални перформанси во секој момент.

Во однос на дизел варијациите, купувачите ќе можат да го добијат 1.5-литарскиот дизел мотор со 105 или 122 коњски сили, а помоќната изведба може да се избере и во интересна комуникација со првпат употребената 9-степена автоматска трансмисија.

Просечната потрошувачка е сериозна намалена, сите мотори ја исполнуваат 6d нормата, а Opel потенцира дека со помош на зафатите кои се направени, просечната Co2 емисија на Astra е намалена за дури 21 процент.

Имавме можност да ги испробаме хечбек и Sports Tourer изведбите со повеќе мотори и на патишта со различен карактер околу планинското подрачје Таунус, па нашите првични импресии се дека купувачите ќе бидат задоволни од капацитетот на моторите, кои се уште еден силен аргумент за напредокот и рафинираноста на турбо агрегатите со три цилиндри.

Да потсетиме, оваа генерација на Opel Astra беше прогласена за Европски автомобил на годината, па фактот што германскиот бренд дополнително работеше на подобрувања во повеќе сегменти, говори за сериозниот пристап и потенцијалот на автомобилот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider