Skip to content

Тестови

Возевме Opel Corsa: Бестселерот пристигнува во моќно издание

Шестата генерација на Corsa пристигнува со големи амбиции, но и императив да го продолжи успехот на бестселерот на Opel кој од 1982 година е продаден во речиси 14 милиони примероци

03/12/2019

Ако некој новитет може да ја освежи автомобилската понуда на европска територија, тогаш тоа сигурно е Opel Corsa. По речиси 14 милиони продадени примероци на претходните пет генерации, Corsa влегува во нова офанзива, со современ рецепт кој веќе им е достапен и на македонските купувачи.

Новата генерација доаѓа побрзо од вообичаеното, но дефинитивно ќе биде пријатно изненадување за нејзините досегашни фанови, но и купувачите кои ова шесто поглавје ќе ги направи нови почитувачи на моќта на „молњата“ од Риселсхајм.

Германскиот бренд ни овозможи да ги почувствуваме атрибутите на новата Corsa додека вдишуваме свеж воздух на јадранското приморје, а подготвените рути меѓу Сплит и Шибеник гарантираа соочување со различни делници и вистинско запознавање со карактерот на симпатичниот германски хечбек.

Новата генерација на Corsa беше подготвена за само неколку години, а најважен предуслов беше веќе докажаната CMP платформа која Opel ја искористи за основа, подоцна додавајќи ги своите германски зачини, во прв план познатиот германски инженеринг и дизајн кој се чини овој пат погодува во целта.

Шестата генерација на Corsa е најдинамична досега, специфичната маска и позиционираност на магленките го издолжуваат предниот дел, а импресионира помускулестата сиулета и компактноста на задниот дел во кој одлично е вкомпониран и спојлер.

Тимот на Opel посветил сериозно внимание на целиот процес на дизајнирање и хармонизирање на линиите повлечени по екстериерот, бидејќи не смее да се заборави дека Corsa е бестселер на германскиот бренд, а досегашната петта генерација забележи раст од 6,5 проценти и во годината не пензионирање.

Во однос на димензиите, Corsa до порасна до 4,06 метри, сега е поширока и пониска, позицијата на возачот е спуштена за 28 милиметри, а „диеталниот процес“ му носи на овој автомобил почетна тежина од само 980 килограми. Зголемена е и функционалноста со зголемениот багажник чиј основен капацитет изнесува 309 литри и има соодветно практична форма која ќе проголта многу работи.

„Јадранска“ флота
„Јадранска“ флота
„Јадранска“ флота
Црвената боја привлекува природно, а Opel за новинарите подготви соодветна флота подготвена за запознавање со Далмација

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Corsa инвазија
Corsa инвазија
Corsa инвазија
Туристичката сезона заврши, но аеродромот во Сплит беше порта за новинарите кои се запознаваа со Corsa. Меѓу поканетите медиуми беше и Auto Focus
Туристичката сезона заврши, но аеродромот во Сплит беше порта за новинарите кои се запознаваа со Corsa. Меѓу поканетите медиуми беше и Auto Focus
Туристичката сезона заврши, но аеродромот во Сплит беше порта за новинарите кои се запознаваа со Corsa. Меѓу поканетите медиуми беше и Auto Focus
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Дизајнерска експертиза
Дизајнерска експертиза
Дизајнерска експертиза
Времето знаеше да се заканува со дожд, но тоа не го спречи Курт Бејер да ни ги претстави најважните дизајнерски елементи на новата Corsa
Времето знаеше да се заканува со дожд, но тоа не го спречи Курт Бејер да ни ги претстави најважните дизајнерски елементи на новата Corsa
Времето знаеше да се заканува со дожд, но тоа не го спречи Курт Бејер да ни ги претстави најважните дизајнерски елементи на новата Corsa
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Ѕвезда во Примоштен
Ѕвезда во Примоштен
Ѕвезда во Примоштен
Сивата боја е уште една добра опција, а одлично и прилегаше и во центарот на Примоштен каде Corsa стана главна ѕвезда
Сивата боја е уште една добра опција, а одлично и прилегаше и во центарот на Примоштен каде Corsa стана главна ѕвезда
Сивата боја е уште една добра опција, а одлично и прилегаше и во центарот на Примоштен каде Corsa стана главна ѕвезда
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider

Позицијата зад воланот ја имплементира препознатливата топла атмосфера која на оние кои возеле Corsa не треба премногу да им се објаснува, возачот добива опција и за дигитална инструмент табла, но и 10-инчен централен екран на допир, кој во поосновните верзии ќе биде заменет со 5 и 7-инчни екрани.

Централната конзола е свртена кон возачот, а притоа не треба да се заборават ниту препознатливите ротирачки команди за клима-уредот и можноста за поврзување на паметниот телефон и користење на неговите содржини.

Имавме можност да се увериме и во полезноста од Matrix LED светлата кои Corsa прва ги носи како опција во Б сегментот, а за безбедноста се грижат и системи како тие за автономно сопирање, препознавање на сообраќајни знаци и одржување на движење во лента.

Овој Opel ги има најголемиот дел модерни опции, вклучувајќи ги и камерата со опсег од 180 степени и асистентот за паркирање, а Германците инсистираат дека се работи за максимално безбеден автомобил, кој остана со Euro NCAP ѕвезда помалку, затоа што загуби неколку поени поради фактот што нема радар (опција со адаптивен темпомат) во основната изведба.

Подобрената аеродинамичност (0,29 cd) има позитивно влијание и на потрошувачката, за која инженерите на Opel тврдат дека е намалена за најмалку 5 проценти на брзини над 100 км/ч, а она што остава позитивен впечаток е и подобрената управливост и суспензијата која добро се снаоѓа и со поголеми недостатоци на подлогата.

Почетната изведба на Corsa ќе биде со бензински мотор со 75 коњски сили, а докажаните 1.2-литарски трицилиндерци се достапни и со моќност од 100 и 130 коњски сили, при што гарантираат намалена потрошувачка и исполнување и на најстрогите еколошки норми.

Во игра останува и 1.5-литарскиот дизел мотор со 102 коњски сили и вртежен момент од 250 Nm, a одржува потрошувачка под 5 литри на 100 километри според WLTP.

Иако во рамките на оваа презентација наменета за специјализираните новинари, Opel не ја вметна електричната Corsa како дел од официјалната програма, Corsa-e позираше во комплексот на D-Resort во Шибеник и сигурни сме дека ќе биде успешен проект во земјите каде ќе биде понудена.

Трендовите пресудија Corsa да стане најмалиот член на Opel семејството, а со својата управливост, економичност и ниво на безбедност, изградила мулти-талентиран карактер кој ќе придонесе за многу незаборавни моменти зад нејзиниот волан.

Почетната цена за Opel Corsa во Македонија во солидното Elegance ниво на опременост е 12.920 евра.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend