Skip to content

Тестови

Возевме Porsche Cayenne Coupe: SUV атракција со жестоко срце

Новиот атрактивен член на популарното SUV друштво предизвикува со својот заводнички концепт, а презентацијата во Словенија беше одлична можност да се увериме и во неговите врвни возни карактеристики и напредна технологија

17/09/2019

Моделот Cayenne има посебно значење во поновата историја на Porsche, a тоа е една од причините што германскиот бренд со задоволство реши да ја прошири SUV понудата со Cayenne Coupe.

Автомобилот кој успева да ја искористи третата генерација на Cayenne како основа, но и да добие свои индивидуални квалитети и елементи, имавме можност да го запознаеме во Словенија, каде Porsche организираше презентација за новинарите од регионот.
Cayenne Coupe ќе биде атрактивен специјалитет во понудата, користејќи го фактот што овој мини сегмент добива одличен фидбек од купувачите, а како своја предност во однос на ривалите ќе ја има легендарната ДНК на Porsche.

Секако, употребата на терминот „купе“ во SUV сегментот има малку поинакво значење, па и кај Cayenne останува фактот дека се работи за автомобил со височина од 1,68 метри и поспуштен заден дел за само 20 милиметри во однос на класичниот модел. Одредени дизајнерски елементи прават разлика меѓу двете изведби, а фактот што задните седишта се спуштени пониско објаснува зошто не е намален просторот за главите во овој дел, исто како што и капацитетот на багажникот е намален минимално во споредба со класичниот Cayenne.

Во основната конфигурација се поставени две задни седишта, опција е задна клупа за тројца патници, а заедничко за двете варијации е што Cayenne Coupe овозможува солиден простор за седење и посакувана удобност, додека со основни 625 литри, багажникот нема да разочара и при семејните патувања. Притоа, своја улога за добивање висока оценка имаат и елементи како адаптивен спојлер (се активира на брзини над 90 км/ч), спорт хроно пакетот и панорамски кров, кој може да биде и карбонски, доколку купувачот сака да ја намали тежината за 21 килограм.

Во два дена поминавме две рути од над 200 километри кои беа составени од различни услови на патот, меѓу кои и планински делници, идеални за освојување со атрактивниот, но и ултра способен Cayenne Coupe, а се чини дека нашите домаќини избраа амбиент во кој ова Porsche совршено се вклопува.

Cayenne S Coupe и Cayenne Turbo Coupe беа двете изведби на кои им беше одвоен по еден ден, за подобро запознавање и полесно средување на впечатоците, а имајќи ги предвид спецификациите, јасно е дека имаат слични квалитети, но и различни приоритети.
„Послабиот“ Cayenne S Coupe располага со 2.9-литарски V6 мотор со 440 коњски сили и 550 Nm, перформанси кои доволно го истакнуваат спортскиот карактер и на ова Porsche, а Cayenne Turbo Coupe ќе биде вистински предизвик со 4.0-литарскиот V8 твин-турбо мотор кој испорачува дури 550 коњски сили и максимален вртежен момент од 770 Nm.

За забрзување од 0 до 100 км/ч на оваа SUV варијација и се потребни само 3,9 секунди, резултат кој доволно говори дека не постои простор за разочарување и поконзервативните Porsche фанови чиј приоритет е култниот 911. За овие последните останува „launch control“ задоволството кое додека трепнете го катапултира Cayenne Coupe на брзина од 100 км/ч.

Заедничко за двете изведби е начинот на кој Cayenne Coupe успева да се наметне со својата динамичност и прецизно управување, па без разлика на тежината која надминува два тона, импресионира со возните карактеристики кои ќе бидат сериозен адут за возачите кои ќе го препознаат овој квалитет.

За целосното позитивно искуство се грижат голем број елементи и системи, вклучувајќи ги и динамичката контрола на шасијата, адаптивната воздушна суспензија, заден диференцијал, како и управувањето со задните тркала. При поголеми брзини тие се вртат во насока на предните тркала за да ја подобрат стабилноста во кривините, додека при помали брзини и маневрирање, движењето е спротивно од предната оска, со што се намалува и кругот на вртење на пет-метарскиот автомобил.

Кок-питот е сегмент кој делува препознатливо поради дебито во класичниот Cayenne, па покрај големиот централен екран, мора да се истакне и добрата проекција на информациите на инструмент таблата, како и можноста за едноставно и брзо контролирање на најосновните функции кои се и најчесто употребувани од возачот преку дополнителниот панел осетлив на допир.

Со оглед на популарноста на Cayenne, повеќе од јасно е дека Cayenne Coupe ќе биде дополнителен магнет за купувачите во премиум SUV сегментот, а она во што сами се уверивме е дека соочувањето со овој автомобил активира емоции, кои низ возењето се претвораат во сериозно задоволство. По такво искуство, тешко се ослободува од впечатокот дека Porsche Cayenne Coupe е вистинскиот автомобил кој ги исполнува сите критериуми за долгогодишни заеднички авантури. Го очекуваат сериозни битки со ривалите, но со капацитетот со кој располага, во нив може да влезе со релаксирана насмевка.

Porsche ДНК
Porsche ДНК
Porsche ДНК
Cayenne Coupe ќе биде атрактивен специјалитет во мини сегментот кој добива одличен фидбек од купувачите, а како своја предност во однос на ривалите ќе ја има легендарната ДНК на Porsche
Cayenne Coupe ќе биде атрактивен специјалитет во мини сегментот кој добива одличен фидбек, а како своја предност во однос на ривалите ќе ја има легендарната ДНК на Porsche
Cayenne Coupe ќе биде атрактивен специјалитет во мини сегментот кој добива одличен фидбек, а како своја предност во однос на ривалите ќе ја има легендарната ДНК на Porsche
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Дитигализација и функционалност
Дитигализација и функционалност
Дитигализација и функционалност
Покрај големиот централен екран, мора да се истакне и проекцијата на информациите на инструмент таблата, како и можноста за едноставно контролирање на основните функции преку панел осетлив на допир
Покрај големиот централен екран, мора да се истакне и проекцијата на информациите на инструмент таблата, како и можноста за едноставно контролирање на основните функции преку панел осетлив на допир
Покрај големиот централен екран, мора да се истакне и проекцијата на информации на инструмент таблата и контрола на основните функции преку панел осетлив на допир
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Минимален данок во практичност
Минимален данок во практичност
Минимален данок во практичност
Cayenne Coupe во однос на багажникот заостанува минимално зад класичниот Cayenne и неговиот капацитет изнесува одлични 625 литри
Cayenne Coupe во однос на багажникот заостанува минимално зад класичниот Cayenne и неговиот капацитет изнесува одлични 625 литри
Cayenne Coupe во однос на багажникот заостанува минимално зад класичниот Cayenne и неговиот капацитет изнесува одлични 625 литри
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Адаптивен заден спојлер
Адаптивен заден спојлер
Адаптивен заден спојлер
Coupe варијацијата на Cayenne има и свои уникатни елементи. Еден од нив е адаптивниот спојлер кој се активира на брзини повисоки од 90 км/ч
Coupe варијацијата на Cayenne има и свои уникатни елементи. Еден од нив е адаптивниот спојлер кој се активира на брзини повисоки од 90 км/ч
Coupe варијацијата на Cayenne има и свои уникатни елементи. Еден од нив е адаптивниот спојлер кој се активира на брзини повисоки од 90 км/ч
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Жестока моќ со 440 или 550 кс
Жестока моќ со 440 или 550 кс
Жестока моќ со 440 или 550 кс
Cayenne S Coupe доаѓа со 2.9-литарски V6 мотор со 440 коњски сили и 550 Nm, додека Cayenne Turbo Coupe располага со 4.0-литарски V8 твин-турбо мотор кој испорачува 550 кс и 770 Nm
Cayenne S Coupe доаѓа со 2.9-литарски V6 мотор со 440 коњски сили и 550 Nm, додека Cayenne Turbo Coupe располага со 4.0-литарски V8 твин-турбо мотор кој испорачува 550 кс и 770 Nm
Cayenne S Coupe доаѓа со 2.9-литарски V6 мотор со 440 коњски сили и 550 Nm, додека Cayenne Turbo Coupe располага со 4.0-литарски V8 твин-турбо мотор кој испорачува 550 кс и 770 Nm
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend