Стории
Вредноста на електронските компоненти во возилата до 2030 година ќе се удвои и ќе изнесува околу 1,200 Еур по возило
"Во 1978 година во контролната единица на Porsche 911 беа вградувани само осум полупроводници. Денес, моделот Skoda Enyaq има околу 90 контролни единици со околу 8,000 електронски компоненти", се вели во известувањето на Volkswagen.
Побарувачката за чипови во автомобилската индустрија значително се зголеми со воведувањето на електричните автомобили како и потребата за покомплексни софтверски решенија.
Volkswagen Group воведе стратегија за набавка на важните чипови, за кои смета дека е можно да бидат дефицитарни, преку директна комуникација ос производителите како NXP Semiconductors, Infineon Technologies и Renesas Electronics.
VW Group претходно ги добиваше овие чипови преку своите главни добавувачи. Добавувачите имаа голема слобода во одлуката кои чипови ќе ги набават.
Но, од октомври минатата година, германскиот гигант започна да склучува директни договори. Ова го потврди Карстен Шнаке, директор за набавки во Skoda, кој исто така ја раководи групата во рамки на VW Group која се нарекува Compass (Cross Operational Management Parts & Supply Security).
“Во 1978 година во контролната единица на Porsche 911 беа вградувани само осум полупроводници. Денес, моделот Skoda Enyaq има околу 90 контролни единици со околу 8,000 електронски компоненти”, се вели во известувањето на Volkswagen.
Се очеува до 2030 година вредноста на електронските компоненти во возилата ќе се удвои од сегашните 600 Еур по возило.
Денес, автомобилската индустрија е на 5-тото место помеѓу најголемите купувачи на чипови. Се очекува до 2030 година таа да се искачи на третото место.