Slide

Новитети

Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба

Slide

Електричната изведба ќе има досег од 449 километри со едно полнење според WLTP стандардот.

12/10/2023

Втората генерација на кросоверот BMW X2 е значително поголема споредено со првата. Исто така, впечатлива разлика е и новата силуета која има купе изглед, а соодветно на годината на лансирање, оваа генерација добива и електрична изведба.

X2 ќе дебитира на 26 октомври на автомобилското шоу во Токио, додека комерцијализацијата е планирана за март следната година.

Како што спомнавме, новиот X2 е за 194мм подолг споредено со првата генерација. Освен тоа, тој е 21 мм поширок и 64 мм повисок.

Електричната изведба ќе има досег од 449 километри со едно полнење според WLTP стандардот.

Таа ќе биде придвижувана од два електромотори кои ќе бидат поставени на предната и задната оска. Системската сила ќе биде 313 hp и максимален вртежен момент од 494 Nm.

И бензинските и електричните изведби ќе се произведуваат на иста производна лента во фабриката на BMW во Регенсбург во Германија.

Новата генерација е опремена со голем број на системи за асистенција при возењето и паркирањето.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба