Slide

Новитети

Втората генерација на VW Amarok, која е креирана во соработка со Ford, цели кон премиум купувачите

Slide

Товарната носивост порасна од 1 тон на 1.2 тони, додека капацитетот за влечење приколка изнесува 3.5 тони.

08/07/2022

Со оглед на тоа дека пикап сегментот во Европа е релативно мал, VW со втората генерација на Amarok се ориентира кон премиум купувачите наместо деловните корисници.

Втората генерација на пикапот Amarok на VW, кој е резултат на соработката со Ford, е подолг од тековниот модел, има подобрени офроуд способности, а е надополнет со нова серија на системи за асистенција при возењето.

Очекувано, димензиите на Amarok се слични на оние на Ford Ranger. Двата сестрински пикапа користат исти погони и мотори.

Новиот Amarok е развиван во Австралија, a ќе се произведува во Јужна Африка.

Продажбите на одредени пазари ќе започнат кон крајот на годинава, а првите примероци се очекува да пристигнат во Европа кон средината на следната година.

Пикапот, со својата должина од 5350мм, е 100мм подолг од тековната генерација. И новата генерација ќе биде достапна со единечна и двојна кабина. Меѓуоскиното растојание порасна за 173мм, и сега изнесува 3270мм.

Товарната носивост порасна од 1 тон на 1.2 тони, додека капацитетот за влечење приколка изнесува 3.5 тони.

Amarok ќе биде достапен во 5 конфигурации на мотори: три 2.0-литарски дизел мотори со четири цилиндри со 150, 170 или 205 hp, потоа 3.0-литарски дизел мотор со 6 цилиндри и 250 hp, како и 2.3-литарски бензински мотор со четири цилиндри и 302 hp. Можни се варијации на овие мотори на различни пазари.

Новиот модел ќе може да минува низ вода длабока и до 800мм, споредено со тековниот чија граница беше поставена на 500мм.

Она што е значајно е дека VW го позиционира Amarok како премиум пикап, притоа вградувајќи во него над 30 напредни системи за асистенција при возењето, од кои дури 20 дебитираат кај Amarok.

Нов е и инфотејнмент системот, кој ќе може да се нарача со 10 или 12-инчен централен екран осетлив на допир, како и дигитална инструмент табла од 8 или 12 инчи.

Премиум впечатокот ќе го надополнува и аудио системот од Harman Kаrdon.

За купувачите ќе бидат достапни 5 нивоа на опременост, а од страна на Карстен Интра, извршен директор на VW комерцијални возила, најавена е и можност за електрификација на Amarok во иднина. 

VW Commercial Vehicles веќе продаде 830,000 примероци од првата генерација на Amarok во Европа, Австралија, Нов Зеланд, Африка, Азија и Јужна и Централна Америка.

Овие пикапи со капацитет за товар до 1 тон се особено популарни во Јужна Америка и делови од Африка, но нивниот пазарен удел во Европа останува многу мал. 

Веднаш по лансирање на првите генерации на свои пикапи, конкурентите од Renault, Fiat и Mercedes ги напуштија нивните напори за влез во сегментот, а истото се случи и со моделот Navara на Nissan, кој се произведуваше во Шпанија.

Во сегментот лидери се Ford Ranger и Toyota Hilux, a во одредени земји популарни се и Mitsubishi L200 и Isuzu D-Max.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск