Skip to content

Новитети

Второ поглавје за француската кросовер гордост Renault Captur

Со 1,2 милиони продадени примероци со претходникот, втората верзија на Captur има императив да го одржи ваквиот сериозен тренд, цел поради која Французите ги употребија своите најнови иновации при комплетирањето на концептот

02/09/2019

Премиерата на Renault Captur во 2013 година значеше влегување на една дотогаш непозната територија и алтернатива за купувачите која се претвори во навика.
Кросоверите и поголемите SUV модели ја преземаа главната улога на сцената, водејќи го танцот, кој влијаеше втората генерација на Captur да има двоцифрен број ривали и многу поголем предизвик да ја одбрани позицијата изградена со првото издание.

А, таа позиција значеше дека гордоста на Renault стана бестселер меѓу малите SUV модели и успеа да го подзасени секогаш популарниот Clio, кој исто така неодамна доби нова генерација. Со 1,2 милиони продадени примероци со претходникот, втората верзија на Captur има императив да го одржи ваквиот сериозен тренд, цел поради која Французите ги употребија своите најнови иновации при комплетирањето на концептот.

Captur ја користи CMF-B платформата, па не само што е полесен и со поголема торзиска крутост, туку Renault најавува и подобра управливост и возни карактеристики. Единаесет сантиметри подолгиот автомобил носи профит за патниците на задната клупа кои имаат повеќе простор за нозете, но и капацитет на багажникот од дури 536 литри, коj ќе бидe вистинска гордост на францускиот кросовер.

Дизајнерите вметнаа повеќе хромирани елементи и предни LED светла со кои Captur ја покажува поврзаноста со Clio, a атрактивниот изглед ја задржува дозата робустност која го потврдува членството во SUV фамилијата. Поголемиот избор на бои го опфаќа и ентериерот кој нема да ги разочара љубителите на трендовското и модерното, а во главна улога е централниот екран (може да биде и 9,3-инчен) осетлив на допир. Кај новиот Captur е достапна и дигитална инструмент табла, како и придобивките од Easy Link инфо-забавниот систем кој го прави ова Renault максимално подготвено за голем број предизвици и остварување желби на возачот и патниците.

Технолошката еволуција ги вклучува и безбедносните системи, меѓу кои и автономното сопирање, но и камерата со преглед од 360 степени како опција која досега беше препознатлива за автомобилите од повисока класа.

Вистинско освежување за класата ќе биде плаг-ин хибрид изведбата, со што Captur ќе биде прв PHEV автомобил во класата, а на електричен погон ќе може да мине 45 километри со максимална брзина од 135 км/ч. Класичната понуда на мотори започнува со 1.0-литарскиот трицилиндерец со 100 коњски сили, а бензинските изведби се заокружени со 1.3-литарскиот мотор со 130 и 155 коњски сили, од кои вториот е наменет за оние кои сакаат врвни перформанси во сегментот.

Captur останува достапен и во дизел варијанти и тоа со ревидираниот 1.5-литарски dCi со 95 и 115 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend