Slide
Slide

Вести

VW Caddy освои 5 ѕвезди на Euro NCAP тестирањето за безбедност

Slide
Slide

5-те ѕзведички се подобрување за новата генерација на Caddy, со оглед на тоа што претходната генерација освои 4 ѕвездички на тестирањето во 2015 година.

21/12/2021

MPV изведбата на Volkswagen Caddy неодамна освои 5 ѕвездички со што стана вториот модел од сегментот, покрај Toyota Yaris Cross, кој годинава успеа да добие максимален број на ѕвездички на тестирањата на Euro NCAP. 

Освен, овие два модели, годинава се направени уште две тестрирања во MPV сегментот, се работи за моделите Renault Kangoo и Nissan Townstar, кои освоија по 4 ѕвездички.

5-те ѕзведички се подобрување за новата генерација на Caddy, со оглед на тоа што претходната генерација освои 4 ѕвездички на тестирањето во 2015 година.

Безбедноста на моделите на VW ја потврдуваат и 5-те ѕвезди во тестирањето на VW Т-Cross, кој покрај Mercedes B Class, освои максимални 5 ѕвездички на тестирањата во 2019 година (во 2020 не се спроведени тестирања од страна на Euro NCAP во овој сегмент).

Од VW нагласуваат дека дел од заслугите за зголементата безбедност е споделената MQB платформа која Caddy ја дели со бестселерот Golf, која овозможува имплементирање на најсовремени технологии и во повеќенаменскиот Caddy.

Euro NCAP од година во година ги засилува критериумите за добивање на оценки на своите тестови кои се заострени со воведување на специјални тестови за системите за асистенција при возењето. 

Имено, во 2018 година беше воведено тестирање за систем за препознавање на пешаци и велосипедисти, како и засебно тестирање на овие системи во ноќни услови.

Без интегрирање на вакви системи, моделите по 2018 година практично не можат да добијат 5 ѕзвездички.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс