Вести
VW догодина ќе лансира изведба со три реда седишта од електричниот ID. Buzz, наменета за Европа и САД
Патниците ќе може да изберат помеѓу еден електричен мотор кој ја придвижува задната оска и сила од 286 hp, или пак погон на сите тркала, кој силата од 330 hp ја добива од два електрични мотори.
Volkswagen догодина ќе лансира изведба на ID.Buzz која ќе има подолго меѓуоскино растојание и три реда седишта наменета за купувачите во Европа и САД.
Електричниот ID.Buzz дебитираше минатата година во Европа, со патнички и карго изведби.
Патниците ќе може да изберат помеѓу еден електричен мотор кој ја придвижува задната оска и сила од 286 hp, или пак погон на сите тркала, кој силата од 330 hp ја добива од два електрични мотори.
Овие нови изведби ќе имаат поголема батерија, наместо 77 kWh таа ќе изнесува 85 kWh. Според производителот, тоа ќе биде доволно за досег со едно полнење од 415 километри за изведбата со еден мотор, и нешто помалку за изведбата со два електрични мотори.
Сѐ уште не се објавуваат цените, но тековната изведба со покусо меѓуоскино растојание започнува со цени од 55,000 Евра во Германија за карго изведбата, и 65,000 Евра за патничката Pro изведба.