Slide
Slide

Вести

VW e-Golf e најпродаван електричен автомобил во првите четири месеци во Германија

Slide
Slide

15/05/2020

Електричната изведба на Volkswagen Golf се искачи на првото место според продажбата во својот сегмент на германскиот пазар, покажува официјалната продажна статистика.

Последната генерација на e-Golf доминирала и во најтешкиот месец април, но и генерално во првите четири месеци во 2020 година.

Во април биле продадени само 4.635 електрични автомобили, што и не е големо изненадување ако се има предвид големиот пад на целата продажба во Германија, а негативата во четвртиот месец е повеќе од двојно поголема во однос на март кога германските купувачи инвестирале во 10.329 нови автомобили на електричен погон.

Tesla продолжува со нестабилната продажба на Model 3, па откако во март беше лидер со 2.034 примероци, во април американската компанија пласирала само 519 нови примероци во Германија.

Ако се земе предвид периодот од јануари до април, Tesla е на третото место со Model 3, додека зад лидерот VW e-Golf се наоѓа Renault Zoe.

Најпродавани електрични модели во Германија
(јануари-април 2020 година)

1. VW e-Golf 4.857
2. Renault Zoe 4.722
3. Tesla Model 3 3.420
4. VW e-Up! 2.123
5. BMW i3 1.872

Повеќе содржини за електрични автомобили

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1