Slide

Стории

VW ги реогранизира фабриките во Европа за да се справи со големата побарувачка на електричните модели

Slide

Во 2023 година дел од производството на ID3 ќе биде пренесено од фабриката во Цвикау, во онаа покрај седиштето на концернот во Волфсбург.

14/12/2021

Најголем добитник од организациските промени е фабриката во Хановер, која ќе биде пренаменета за произвдоство само на електрични автомобили.

Volkswagen Group ја најави новата продукциска реорганизација во фабриките во Европа како дел од 159 милијарди евра вредниот инвестициски план за следните 5 години.

Фабриките на Volkswagen во Волфсбург, Хановер, и Памплона ќе го зголемат производството на електрични автомобили, за разлика од фабриката на Audi во Брисел каде производството на електрични автомобили ќе биде намалено.

Фабриката во Хановер е голем добитник од целото реструктурирање. Таму ќе се произведуваат само електрични модели, меѓу кои и електричната изведба на ID Buzz, именувана како ID California.

Дополнувањето на производството во Хановер со ID California е со цел да се надомести испразнетиот капацитет како резултат од преместувањето на производството на Porsche Taycan.

Според плановите, фабриката во Хановер ќе произведува врни изведби на електричните модели на Audi, Porsche и Bentley, кои ќе вклучуваат врвни технолошки функционалности како што е автономното управување. 

Овие модели се развиваат во рамките на Artemis проектот, врз основа на PPE платформата на Audi.

Исклучок е брендот Porshe, чиј менаџмент лобираше кај раководството на VW Group со цел технологијата за автономно управување на своите модели да се произведува во засебна фабрика на Porsche. 

Првиот модел на Audi како дел од Artemis проектот се очекува да дебитира во 2024, а ќе користи дизајнерски концепти од Gransphere концептот кој производителот нѝ ги прикажа летово.

Фабриката во Хановер ќе го произведува моделот на Bentley, кој треба да биде лансиран во 2025 година, но не целосно, туку само до производствената фаза која во автомобилската индустрија се нарекува “Body-in-white”. 

Потоа, вградувањето на моторите, делови од ентериерот и бојадисувањето ќе се одвива во Англија, во фабриката на Bentley во градот Кру.

Фабриката на Porsche во Лајпциг ќе произведува два електрични модели поставени на PPE платформата. Се очекува во фабриката да биде произведуван новиот електричен знаменосец на брендот кој инцијално требаше да се произведува во Хановер, заедно со електричниот Macan, чие производство ќе стартува во 2023.

Во Лајпциг е можно да се произведува и електричниот наследник на Panamera. За разлика од него, електричната изведба на Cayennе се планира да се произведува во фабриката на Volkswagen во Братислава, каде што се произведува и тековниот модел.

Започнувајќи од следната 2022 година, во фабриката на Audi во Некарсулм ќе се произведува електричниот наследник на моделот A6, со кодно име Е6.

Волфсбург добива, Белгија губи

Во 2023 година дел од производството на ID3 ќе биде пренесено од фабриката во Цвикау, во онаа покрај седиштето на концернот во Волфсбург. Потоа, во 2024, целото европско производство на ID3 ќе биде пренесено во фабриката во Волфсбург. Инаку, моделот се произведува и во Кина.

Со оваа промена, се планира да се пополни капацитетот на фабриката во Волфсбург, кој се очекува да се намали при транзиција на европските пазари кон електрични модели. 

Имено, се очекува понатамошен пад на продажбата на возилата со мотори со внатрешно согорување за сметка на оние на електричен погон.

Очекувањата на Volkswagen се дека пазарниот удел на своите електрични модели во вкупната продажба на брендот да порасне на 25% во 2026, споредено со 6-те проценти учество во моментов.

Одлуката да се додели производството на ID3 на Волфсбург значи дека производството на Audi Q4 e-tron, наместо да се пресели во Брисел, ќе остане во Цвикау за да надомести за загубеното производство на ID3.

Наместо тоа, од 2026 година во Брисел ќе се произведува Audi Q8 e-tron.

Од Volkswagen потврдија дека ќе градат нова современа фабрика во близина на Волфсбург за производство на новиот електричен знаменосец на брендот, со кодно име Trinity. Моделот ќе има високо ниво на автономно управување, кое ќе го наследи од Artemis проектот, со што се очекува да се намали технолошкиот гап со моделите на Tesla.

Според Ралф Брандштетер, директорот на брендот Volkswagen, новата фабрика ќе произведува 250,000 возила годишно.

Електрични возила од Шпанија

Volkswagen објави и дека фабриката во Памплона, Шпанија, каде во моментов се произведуваат моделите Polo и T-Cross, во иднина ќе произведува само електрични модели. Според некои информации, можно е во фабриката да се произведуваат малите ID1 и ID2.

Но, финалната одлука сѐ уште ги чека државните субвенции кои ги најави владата на Шпанија. Volkswagen најави дека ќе прозведува електрични модели за своите брендови и во фабриката на Seat во Марторел, одлука која исто така е поттикната од државните субвенции на Шпанија.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан