Slide

Вести

VW го избра Волфсбург за локација за својата нова фабрика за електрични возила

Slide

Планот на VW e производството на еден примерок од моделот Trinity во новата фабрика да трае 10 часа. Ова е слична проекција со онаа на конкурентот Tesla, кој наскоро ќе ја отвори својата фабрика во близина на Берлин.

08/03/2022

Во новата фабрика Volkswagen ќе произведува нов електричен седан со димензии слични на тековнот Passat и поголема автономија.

Volkswagen Group го избра градот Волфсбург за локација за својата нова фабрика каде ќе се произведува новиот Trinity електричен знаменосец на брендот Volkswagen.

Стартот на изградбата е планиран за пролетта 2023 година.

Според VW, компанијата ќе инвестрира околу 2 милијарди евра за производството на моделот.

Фабриката ќе ги користи најновите производствени техники преку кои ќе се обиде да го надомести гапот во производство на електрични возила во споредба со Tesla. 

Изградбата на фабриката ќе започне во 2023, а првите возила би требало да излезат од производните ленти во 2026 година. 

Седанот Trinity ќе има слични димензии како оние на тековниот Passat. Моделот треба да има автономија од над 700 километри.

Исто така, Trinity ќе вклучува технологија од 4-то ниво на автономно управување, а со него ќе дебитира и електричната SSP супер-платформа, која ќе ги замени тековните платформи кои сега ги користат брендовите VW, Skoda, Seat, Audi и Porsche.

Планот на VW e производството на еден примерок од моделот Trinity во новата фабрика да трае 10 часа. Ова е слична проекција со онаа на конкурентот Tesla, кој наскоро ќе ја отвори својата фабрика во близина на Берлин.

Според VW, клучни фактори за да се постигне временскиот таргет се помалку варијанти, помалку компоненти, поголема автоматизација и нови логистички концепти.

“Фабриката ќе произведува околу 250,000 возила годишно, а изградбата на нова фабрика е полесно отколку адаптирање на постоечка”, изјави директорот на брендот Volskwagen, Ралф Брандштетер во ноември минатата година.

Изградбата на новата фабрика е дел од планот на извршниот директор на VW Group, Херберт Дис, кој планира со тоа да го забрза темпото на транзиција кон електрични возила.

Изградбата на фабриката во близина на Волфсбург е делумно и под влијание на синдикатите во рамките на групацијата, кои имаа улога во изборот на локацијата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди