Slide

Вести

VW го патентираше името ID.7 Tourer, така ќе се вика караван изведбата на “електричниот Passat”

Slide

ID.7 Tourer ќе го има истиот дизајн како и ID.6. Прототипот има тенки предни светла, заоблен поклопец и маска која е во линија на изгледот на тековните ID модели.

30/05/2022

Во 2024 година Volkswagen ќе лансира кмоплетно електричен модел, караван врз база на “ID.Space Vizzion” концептот. Но, сега Volkswagen го регистрираше и заштити конкретното име на моделот.

Европската агенција за регистрација на патенти на 17 мај годинава го заштити името ID.7 Tourer. Ова не значи дека со сигурност VW ќе го именува најавениот електричен караван со ова име. 

Но, сепак, името се вклопува во сегашната номенклатура на електричното порфтолио на брендот. Веќе одамна Volkswagen ги патентираше имињата за ID гамата, од ID.1 па сѐ до ID.9.

Седан изведбата, пак, на која се заснова и споменатиот караван ќе биде именувана како ID.6. Ова беше потврдено од Херберт Дис уште минатото лето, иако SUV со истото име веќе се продава од страна на Volkswagen во Кина. Веројатно по долги консултации во Волфсбург било пресечено, “електричниот Passat” ќе ги добие имињата ID.6 (за седан изведбата) и ID.7 (за караван изведбата).

Исто како и останатите модели во ID гамата, и овие модели ќе бидат поставени на модуларната електрична платформа (MEB).

Инаку, VW ID.7 беше развиен во 2019 година, како што спомнавме врз основа на ID. Space Vizzion концептот. Концептот, кој беше претставен на LA Auto Show, беше долг 4.96 метри, 7 цм подолг и 5 цм повисок од тековната генерација на Passat. Разликата во меѓуоскиното растојание изнесува 16 цм во корист на идниот ID.7. 

Електричен мотор со сила од 205kW се очекува да ја придвижува задната оска на ID.7. Доколку моделот добие литиум-јонска батерија со 82kWh, треба да се очекуваат нешто под 600 километри автономија. 

Ќе биде достапна и изведба со погон на сите тркала, преку дополнување на возилото со уште еден мотор на предната оска, веројатно со сила од 75kW. Со дополнителниот мотор, системската сила би се зголемила на 250kW.

ID.7 Tourer ќе го има истиот дизајн како и ID.6. Прототипот има тенки предни светла, заоблен поклопец и маска која е во линија на изгледот на тековните ID модели. И додека седан изведбата ќе има покрив во стил на купѐ, покривот на караван изведбата нема да се спушта толку нагло во задниот дел за да овозможи доволно простор.

Караван изведбата ќе започне да излегува од производните ленти во фабриката во Емден во 2024 година, додека седанот – ID.6,  го очекуваме веќе следната 2023 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година