Slide
Slide

Вести

VW Golf преку сензорите собира податоци за околината и анонимно ги испраќа до Bosch за креирање на мапи

Slide
Slide

Како дел од проектот, 8-мата генерација на Golf веќе собира и испраќа податоци со кои "Bosch" ги развива мапите во висока резолуција.

23/07/2021

Volkswagen и Bosch започнаа соработка која вклучува развој на мапи во висока резолуција. Тековната 8-ма генерација на нивниот бестселер Golf при возење ги собира ваквите подаоци и анонимно ги испраќа до “cloud” системот на Bosch.

Мапите во висока резолуција спаѓаат меѓу најважните компоненти неопходни за воведување на автономното управување на возилата, а податоците од кои се состојат ваквите мапи веќе се собираат анонимно од страна на возачите во сообраќајот.

Автомобилските производители имаат различни пристапи кон развојот на технологија која ќе овозможи автомобилите самостојно да управуваат во сообраќајот преку користење на софтвер.

Со цел да го забрза овој процес, Volkswagen започна соработка со еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија – германската компанија Bosch, во врска со проектот “Bosch Street Signature”. 

Како дел од проектот, 8-мата генерација на Golf веќе собира и испраќа податоци со кои “Bosch” ги развива мапите во висока резолуција.

Возилата на на VW прибираат податоци во врска со сообраќајните знаци, ширината на лентите, банкините и слично. Ова се прави автоматски со помош на сензорите, камерите и радарите во возилото и без никаков ангажман на возачот.

Целта на ваквите мапирања е да се овозможи автономно управување на возилата и при лоши временски услови кога камерите и сензорите имаат ограничена функција. 

Во вакви ситуации, софтверот на Bosch ќе може да ги управува автомобилите и со помош на податоците собрани од останатите возила во сообраќајот.

Досега, само најновата генерација на Golf е вклучена во проектот, но во план е да се вклучуваат и идните модели на Volkswagen.

Најавата од страна на Bosch е дека првата комерцијализација на софтверот кој ќе ги користи вака креираните мапи се очекува во 2023 година.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс