Вести
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск
Одлуката следи по контроверзното преземање на социјалната мрежа од страна на Илон Маск.
Брендовите во рамки на VW Group, вклучувајќи ги и премиум брендот Audi и ексклузивниот бренд Bentley, ги паузираа своите кампањи на Twitter. Одлуката следи по контроверзното преземање на социјалната мрежа од страна на Илон Маск.
Нешто слично беше најавено и на почетокот од месецов, кога од менаџментот на групацијата беше објавено дека им препорачуваат на производителите во рамките на групацијата да го прекинат платеното рекламирање на Twitter.
Но, во средата, портпарол на групацијата објави дека сите производители се приджуваат до препораката. Audi, на пример, реши да ги прекине и сите органски постови, а во меѓувреме планира само да одговара на прашања поставени од клиентите.
“Ние ја следиме ситуацијата и ќе реагираме соодветно на развојот на настаните”, се вели во изјавата на претставник од Audi.
Од Audi немаат постирано твит на Twitter од први ноември, иако претходно тоа го правеле безмалку секој ден. Илон Маск, пак, ја презеде сопственоста над Twitter кон крајот на октомври.
Претходно (на 7. ноември) и групацијата Stellantis објави дека ги стопира сите платени кампањи на Twitter.