Slide

Вести

VW Group најави зголемување на профитабилноста со воведување на автономното управуавње кај своите модели

Slide

Ралф Брандстетер, Оливер Блуме и Себастијан Рудолф (од лево кон десно).

23/06/2023

Оливер Блуме, извршниот директор на VW Group најави поголема слобода за развој делегирана на брендовите во рамки на групацијата.

Ова значи дека брендовите како Skoda и Audi ќе имаат поголема независност во носење на одлуки за заштеда и ефикасност.

Групацијата дефинирала “работни програми” за секој бренд, алоцирајќи средства и очекувани продажни резултати, делегирајќи ја одговорноста на брендовите за тоа како тие продажни цели ќе се постигнат.

Г-динот Блуме за време на посетата на тркачката патека Хокенхајм го спореди концептот со еден фитнес центар, каде сите поединечно тренираат, сите поединечно ја развиваат својата мускулатура, што влијае и на развојот на целата група.

Групацијата, исто така, ќе се фокусира на вредност наместо обем. Минатата година оперативната маржа порасна на 8.1%. Овој резултат ќе беше и поголем доколку брендот Porsche не се одвоеше од останатите брендови.

Групацијата планира годишен раст на продажбите помеѓу 5 и 7 проценти, тренд кој треба да продолжи сѐ до 2027 година.

Овие планови се развојни, со оглед на растот од 1.1 до 1.2 проценти во последните две години.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа