Slider

Вести

VW Group од петок привремено ги затвора своите фабрики

Slider

17/03/2020

Групацијата Volkswagen од петок ќе ги затвори најголемиот дел од своите фабрики и вработените ќе можат да останат во своите домови следните две недели, тврдат германските медиуми кои ја добиле информацијата од претставници на синдикатите.

Ширењето на коронавирусот предизвикува закана за производствениот процес во кој се вклучени голем број вработени, а принципот на работа во голем дел од процесот не ја дозволува препорачаната оддалеченост меѓу присутните во халите.

Токму затоа VW Group морала да се реши на двонеделна пауза, со што ќе се избегнат поголеми ризици, а ќе може да се стабилизира и приливот на делови од добавувачите кои имаат логистички проблеми во овој период.

Групацијата има над 670.000 вработени низ целиот свет, а додека ситуацијата се проблематизира во Европа, најавена е стабилизација во Кина од каде дојде првиот „корона“ удар за автомобилската индустрија.

Уште вчера, беа потврдени затворањата на голем број фабрики на FCA, сите европски фабрики на PSA Group, Seat ја затвори фабриката во Марторел, а денеска стигна потврда дека и Renault привремено ги затвора фабриките во Франција во кои има над 18.000 вработени.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider