Slide
Slide

Вести

VW Group презеде директори од Apple и BMW за да ја зајакне својата експертиза во однос на батериите

Slide
Slide

VW има најинтензивен распоред за лансирање на цврсти батерии во дел од своите модели. - Производство на ID.4 во фабриката во Цвикау.

30/11/2021

Сунхо Ан сега е главен технички директор во дивизијата одговорна за развој на батерии во рамките на VW Group, додека Јорг Хофман е директор на програмата за батерии.

Volkswagen Group ангажираше двајца проминентни специјалисти од копманиите Apple и BMW, зајакнувајќи ја својата експертиза во развој на нови генерации на батериски технологии.

Сонхо Ан, досегашен директор на развој на батерии во Apple, од овој месец ја продолжи кариерата како главен технички директор во дивизијата одговорна за развој на батерии во VW Group.

Јорг Хофман, пак, поранешен директор на дивизијата одговорна за развој на батерии и електрични погони во BMW, уште минатиот месец се приклучуи на VW Group, на позицијата директор на програмата за цврсти (solid-state) батерии.

VW ги потврди новите назначувања. 

Инаку, Сонхо Ан се приклучи на тимот на Apple во 2018 година, додека Хофман беше дел од BMW дури 21 години. Неговите претходни позиции во долгогодишната кариера во BMW се однесуваат на менаџирање на производството на електрични компоненти.

VW има најинтензивен временски распоред кога е во прашање лансирањето на цврсти батерии во дел од своите модели.

Само Toyota има сличен рок кој исто така е до 2025 година, иако и нивните добавувачи, CATL и Panasonic планираат дури во 2025 година да ги воведат овие батерии како производи во своето порфтолио. 

“Крајната цел ќе биде воведувањето на цврсти батерии” – изјави Фанк Блом, директор на батерии и системи во Volkswagen Group Components, за време на настан одржан пролетва. “Нивниот поедноставен дизајн води до високи перформанси и пониски трошоци”

VW развива цврсти батериски модули во соработка со QuantumScape, независна компанија која претходно делуваше во рамките на Универзитетот Стенфорд, а во која VW поседува една третина, преку инвестицијата од 300 милиони долари.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс