Slide

Стории

Volkswagen Group размислува за брз трансфер кон чиповите на Qualcomm за моделите кои би биле лансирани догодина

Slide

Во одделот за софтвер Cariad, кој е задолжен за развој на софтвер за сите брендови во групацијата (VW, Audi, Seat, Porsche и Skoda), сега размислува за вградување на чиповите на Qualcom во електричните модели кои треба да бидат лансирани веќе следната година. (фотографија од Audi Grandsphere концептот).

30/01/2023

Volkswagen Group ја анализира можноста за користење на моќните компјутерски чипови на Qualcomm во своите две платформи кои во моментов ги развива: надградената MEB Plus платформа и PPE – платформата наменета за премиум автомобили.

Ова беше потврдено од Дирк Хилгенберг, директорот на Cariad, дивизијата задолжен за развој на софтвер во рамки на VW Group.

Првата најава за некаква форма на партнерство помеѓу двата гиганти се случи минатата година во мај.

Првичниот план на автомобилската групација VW Group беше да ги користи чиповите на Qualcomm за автономните и полуавтономните функционалности во платформите кои ќе ги наследат MEB и PPE.

Но, во одделот за софтвер Cariad, кој е задолжен за развој на софтвер за сите брендови во групацијата (VW, Audi, Seat, Porsche и Skoda), сега се размислува за вградување на чиповите на Qualcomm во електричните модели кои треба да бидат лансирани веќе следната година.

Се работи за плафтормите Snapdragon Ride и новата Ride Flex, двете во сопственост на Qualcom.

“Разгледуваме дали постои можност за ова и кај MEB и кај PPE платформите”, изјави Хилгенберг за време на средба со новинарите на овогодинешниот CES кој се одржа на почетокот од јануари.

Инаку, што се однесува до PPE платформата, таа ќе дебитира следната година со лансирањето на електричниот Macan, додека MEB Plus се планира да има свое деби во 2026 година.

Нивниот наследник, пак, унифицираната платформа која во моментов се нарекува SSP, се очекува да биде подготвена во 2028 година.

Ваквите размислувања за промени и не се неочекувани, со оглед на новиот менаџмент во Volkswagen Group. Имено, групацијата во последниот период е во процес на мала реорганизација и адаптација по заминувањето на Херберт Дис, извршниот директор на групацијата, кој беше заменет со Оливер Блум.

Сепак, било каква одлука за користење на платформата на Qualcomm ќе значи напуштање на тековната која се испорачува од страна на Intel, односно нивната компанија Mobileye, која во моментов е основа за системите за асистенција во управувањето на веќе произведените автомобили во рамки на ID гамата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа