Slide
Slide

Вести

VW Group размислува за иницијална емисија на акции (IPO) за Porsche, односно негово котирање на берза

Slide
Slide

Според најавите, доколку брендот Porsche самостојно котира на берзата, првичната проценка на вредноста би се движела помеѓу 45 и 90 милијарди евра.

09/12/2021

Volkswagen Group сѐ уште ја анализира можноста за првична емисија на акции (IPO) и независно котирање на брендот Porsche на берзата, со што би се финансирала транзицијата на групацијата кон електрични возила и развојот на софтвер.

Неколку пати годинава се појавуваат шпекулации за плановите во врска со котирање на Porsche на берзата, но сѐ уште нема никаква одллука по ова прашање. 

Одлуката не е лесно да се донесе и поради комплицираната сопственичка структура на компанијата.

Според најавите, доколку биде одлучено да се спроведе IPO и брендот Porsche самостојно да котира на берзата, првичната проценка на вредноста би се движела помеѓу 45 и 90 милијарди евра.

Имено, семејствата Порше и Пих, кои преку Porsche Automobil Holding SE го поседуваат најголемиот сопственички пакет во Volkswagen Group, размислуваат за продажба на дел од нивниот удел во VW, со што би го финансирале купувањето на дел од иницијалната емисија на акции (IPO) на Porsche.

Овие планови би се оствариле само доколку, сепак, биде одлучено брендот да котира на берзата.

Двете семејства, кои преку Porsche SE имаат 31,4 проценти сопственост во VW и 53,3 проценти од правото на одлучување, може да продадат акции во вредност од 15 милијарди евра.

И покрај продажбата на дел од акциите, тие би останале најголем акционер во VW, пред сојузната германска држава Долна Саксонија, која е сопственик на 11,8 проценти и 20 проценти од правото на одлучување.

Она што е безмалку сигурно е дека семејствата се подготвени да купат значителен удел во Porsche, доколку спортскиот премиум бренд котира одделно на берзата.

Ваквиот потег би го намалил влијанието на семејствата во VW за сметка на директна сопственост во Porsche, компанија која во 1931 е основана од страна на нивниот предок Фердинанд Порше.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1