Skip to content

Вести

VW испрати моќна порака со рекламата посветена на падот на Берлинскиот ѕид (Видео)

- Автомобилите можат да препознаат ѕидови, луѓето можат да ги надминат, - ова е слоганот кој предизвика големо внимание низ Европа и му донесе позитивен публицитет на германскиот производител

10/11/2019

Падот на Берлинскиот ѕид има специфично историско значење и отсекогаш бил поттик во борбата за слобода на целата планета, а Германците на соодветен начин ја одбележаа 30-годишнината од обединувањето на земјата.

Во одбележувањето на јубилејот се вклучи и Volkswagen како производител чија историја е посебно поврзана со германскиот идентитет, а тоа го направи со специјална видео реклама во која главната улога ја имаат електричниот ID.3 и Јоаким Лев, селекторот на германската фудбалска репрезентација.

Управувајќи со целосно новиот електромобил низ Берлин, Лев минува покрај многу значајни локации поврзани со поделбата и обединувањето на Западна и Источна Германија, како и покрај остатоците од ѕидот.

Во еден момент автомобилот го употребува системот за автономно сопирање, по што се гледа како Лев ја минува некогашната граница меѓу двете земји. Пораката на Volkswagen е моќна и може да се искористи и за многу актуелни проблеми слични на некогашната германска поделба.

– Автомобилите можат да препознаат ѕидови, луѓето можат да ги надминат, – ова е слоганот кој предизвика големо внимание низ Европа и му донесе позитивен публицитет на германскиот производител.

Пред една недела, Volkswagen го започна производството на електричниот ID.3 во фабриката во Цвикау, која се наоѓа на територијата на поранешна Источна Германија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend