Slide

Вести

VW можеби сепак ќе лансира уште една електрична изведба на Golf, бестселерот во компакт класата

Slide

VW лансираше електрична изведба од тековниот Golf во 2014 година. Производството беше дисконтинуирано во 2020 - по лансирањето на електирчниот хеџбек ID3.

22/11/2022

Според последните најави, можно е Volkswagen да лансира нова, комплетно електрична изведба од компактниот хеџбек (или пак од кросоверот Tiguan,) за да ја освежи понудата на електрични возила во периодот додека моделите од проектот Trinity не бидат подготвени за лансирање.

Електричниот Golf (или Tiguan) би бил поставен на обновена верзија на MEB платформата и би се произведувал во фабриката во Волфсбург, истата фабрика каде што се произведуваат и актуелните изведби на Golf кои имаат мотори со внатрешно согорување.

Новиот електричен модел би започнал со продажба пред 2026 година. Овие планови, доколку се остварат, би овозможило фабриката во Волфсбург да продолжи да работи со полн капацитет во периодот кога клиентите во голема мера започнаа да купуваат електрични возила, наместо возила со бензински и дизел мотори.

Оливер Блум, новиот извршен директор на VW Group, размислува дали да продолжи со планот за изградба на нова фабрика во близина на актуелната фабрика во Волфсбург, каде би се произведувале електрични автомобили со голема автономија и напредни можности за автономно управување. Втората опција е да се продолжи да се користи старата фабрика.

Напредните електрични автомобили, кои се дел од проектот наречен Trinity, ќе ја користат новата SSP платформа, која ќе овозможи напредна автономија во управувањето. Почетокот на изградбата на фабриката беше закажан за следната година, а првите модели кои ќе бидат дел од овој проект, треба да пристигнат во автомобилските салони во 2026 година.

VW лансираше електрична изведба од тековниот Golf во 2014 година. Производството беше дисконтинуирано во 2020 – по лансирањето на електирчниот хеџбек ID3. Но, вреди да се напомене дека сѐ уште на некои пазари овој електричен Golf е достапен за купување. VW продал 117 примероци од електричната изведба на Golf во септември годинава.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск