Slide

Новитети

VW T-Roc Cabriolet: Пријатно освежување меѓу кросоверите

Slide

Мекиот покрив на VW T-Roc Cabriolet се отвора за 9 секунди до брзина од 30 км/ч, а германскиот производител реши да ја понуди оваа изведба со две нивоа на опременост, Sport и R-Line

11/03/2020

Пролетните пробиви на сонцето ја активираат желбата за возење под отворено небо, а кабриолетите отсекогаш биле автомобили наменети за најистакнатите хедонисти меѓу возачите.

Volkswagen ја најавува сезоната за уникатно задоволство со отворен покрив со храбриот потег наречен T-Roc Cabriolet. Успесите на малиот SUV веќе се потврдена реалност, T-Roc јануари го заврши на 13. место според продажбата во Европа, а кабриолет изведбата ќе му донесе нови фанови кои SUV трендот ќе го надополнат со атрактивната појава.

Мекиот покрив на VW T-Roc Cabriolet се отвора за 9 секунди до брзина од 30 км/ч, а германскиот производител реши да ја понуди оваа изведба со две нивоа на опременост, Sport и R-Line.

Во игра се и два мотора, поточно две бензински варијации, па понудата на T-Roc Cabriolet започнува со 1.0-литарскиот TSI со 115 коњски сили и завршува со помоќниот 1.5-литарски мотор со 150 коњски сили и можност за комбинирање со DSG трансмисија.

VW T-Roc Cabriolet располага со солиден багажен капацитет од 280 литри, а се произведува во фабриката во Оснабрик, во друштво на Porsche 718 Cayman.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба