Slide

Вести

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208

Slide

VW во август продаде 16,458 примероци од T-Roc, што претставува раст од дури 45% споредено со истиот месец минатата година.

30/09/2022

Малиот SUV ја предводи листата на најдобро продавани модели во август, а веднаш зад него се Dacia Sandero и Peugeot 208. Хеџбекот на Peugeot е најдобро продаван модел и вкупно во 8-те месеци од почетокот на годинава.

Volkswagen T-Roc е најдобро продаван модел во август, со што го освои тронот во Европа втор последователен месец. Во јули, кросоверот на VW ја презеде лидерската позиција од Peugeot 208, кој беше бестселер во април, мај и јуни.

VW во август продаде 16,458 примероци од T-Roc, што претставува раст од дури 45% споредено со истиот месец минатата година.

Dacia Sandero ја зазеде втората позиција во август, со 15,241 продадени примероци, со безмалку идентична продажба споредено со август 2021.

Што се однесува со Peugeot 208, и покрај растот од дури 86% споредено со истиот месец во 2021, втор месец по ред се наоѓа на третата позиција. Францускиот хеџбек продаде само 241 примерок помалку од Dacia Sandero.

T-Roc е петтиот различен модел кој упсеал да биде бестселер во еден месец од почетокот на годинава. Само тој и Peugeot 208 успеале да бидат месечни бестселери повеќе од еднаш.

Останатите модели кои завршиле на првата позиција според месечната продажба се Dacia Sandero (јануари), VW Golf (февруари), Tesla Model 3 (Март) и Peugeot 208 (април-јуни)

T-Roc, Sandero и 208 се три од вкупно седумте модели во топ 10 листата кои забележаа раст споредено со август претходната година.

Помеѓу останатите кои исто така, забележаа раст се Toyota Yaris, Citroën C3, Оpel Corsa, Skoda Octavia и VW Tiguan.

Доколку се земат предвид најпродаваните 50 модлеи во Европа, големи добитници во август се и Kia Sportage (+65%), Ford Kuga (+54%), и Audi A3 (+35%).

Во вкупниот пласман во досегашните 8 месеци од годината Peugeot 208 води пред Dacia Sandero со 12,400 примероци разлика.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск