Slide

Вести

VW T-Roc ја презеде првата позиција според продажбата во Европа во јули

Slide

Интересно, T-Roc е претиот различен модел кој годинава успеа да стане бестселер во некој од одделните месеци.

31/08/2022

Кросоверот на VW беше најпродаван во Европа во јули, заедно со Dacia Sandero и Peugeot 208, кои ги зазедоа втората и третата позиција.

Имено, по тримесечно водство на хеџбекот на Peugeot, во јули, конечно VW T-Roc ја презеде првата позиција со продадени 19,130 примероци. Ова претставува 15% раст за моделот на VW споредено со истиот месец минатата година.

Dacia продаде 17,228 примероци од Sandero, што претставува пад од 16% споредено со јули 2021.

Peugeot 208, пак, се продаде во 16,423 примероци што претставува огромен раст од 47%.

Интересно, T-Roc е претиот различен модел кој годинава успеа да стане бестселер во некој од одделните месеци.

Останатите победници досега се Dacia Sandero (јануари), VW Golf (февруари), Tesla Model 3 (Март) и Peugeot 208 (април, мај и јуни).

T-Roc и 208 се два од петте модели помеѓу десетте најпродавани во јули кои остварија раст на продажбата споредено со јули 2021.

Останатите три добитници се Dacia Duster, Opel Corsa и Kia Sportage.

Помеѓу другите модели со раст помеѓу 50-те најпродавани модели се и Citroën C3 и Fiat 500, Skoda Kodiaq и Hyundai i20.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан