Slide

Новитети

VW Touareg R ги обединува SUV моќта и предностите на PHEV погонот

Slide

26/02/2020

Volkswagen реши да ги импресионира фановите на SUV моделите и перформансите, подготвувајќи го Touareg R, најмоќната изведба на SUV знаменосецот која ќе дебитира на Саемот во Женева.

Се работи за моќна плаг-ин хибрид изведба со 462 коњски сили, прва PHEV изведба на Volkswagen со погон на четири тркала, а комбинацијата на V6 мотор и електро-мотор со 100 кW овозможува и максимален вртежен момент од дури 700 Nm. Германскиот производител објави дека Touareg R ќе располага со 14,1 kWh батерија, но не и колку би била автономијата на електричен погон, со напомена дека при возење преку електро-моторот максималната брзина ќе биде 140 км/ч.

Innovision Cockpit е дел од сериската опрема на VW Touareg R, а подразбира 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 15-инчен централен екран, возачот на две позиции може да го следи функционирањето на хибридниот погон, односно состојбата на батеријата, а тука се и другите иновативни опции на инфо-забавниот систем.

Еден од новитетите кои Volkswagen ги претставува со овој модел е надградбата на Travel Assist системот, што значи можност за полу-автономно возење на брзини до 250 км/ч, наместо до 210 км/ч како што е случајот со претходно лансираните модели на брендот, но и на целата групација. Touareg R ќе биде и првиот плаг-ин хибриден SUV со Trailer Assist технологијата која овозможува полесно маневрирање во композиција со приколка.

Производителот го истакнува и интелигентниот систем за комбинирање на потенцијалот на погонската единица и складираната енергија во батеријата, исто како и напредните опции за трансфер на вртежите до двете оски. Тука е и можноста за избор на повеќе режими за возење, како и голем број специјални елементи за екстериерот и ентериерот кој ексклузивно ќе бидат понудени само со најмоќниот Touareg кој ја носи наставката R.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба