Slider

Вести

Wrangler Rubicon 392 е најава за V8 изведба на популарниот модел на Jeep

Slider

Со 6.4-литарски мотор под поклопецот кој ослободува 450 коњски сили, идниот Jeep Wrangler со овој V8 мотор ќе биде автомобил кој заслужува посебен респект и ќе им биде наменет на купувачите кои сакаат да се надмоќни над опкружувањето

14/07/2020

Концептот Wrangler Rubicon 392 е повеќе од најава на Jeep за идна, посебно моќна изведба на својот легендарен теренец.

Со 6.4-литарски мотор под поклопецот кој ослободува 450 коњски сили, идниот Jeep Wrangler со овој V8 мотор ќе биде автомобил кој заслужува посебен респект и ќе им биде наменет на купувачите кои сакаат да се надмоќни над опкружувањето.

Специјално подготвениот концепт има моќен погон кој користи 8-степена трансмисија, но располага и со многу други квалитети, со кои без проблеми ќе го потврди оф-роуд потенцијалот кој е заштитен знак за секој Jeep и посебно Wrangler.

Американскиот производител најави многу специјални елементи поврзани со овој сегмент, вклучувајќи 37-инчни пневматици, специјален Mopar пакет, заклучување на предниот и задниот диференцијал, двостепен редуктор и посебна конфигурација на суспензијата.

Wrangler Rubicon 392 е јаснa најава дека фановите на овој модел наскоро повторно ќе имаат привилегија да ги експлоатираат капацитетите на еден моќен V8 агрегат.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider