Skip to content

Стории

XCeed e вистинска провокација во класата, заокружува успешна фаза на Kia

02/12/2019

Европската авантура на Kia започна како соочување на купувачите со „непозната“, со X во нивната равенка при изборот на нов автомобил, но корејскиот бренд следните две децении докажа дека поседува „X фактор“ со кој ги растопи сите предрасуди, за со најновиот XCeed да заокружи еден циклус, по кој ништо нема да биде исто за брендот, но и за неговите ривали.

Првите најави за успешната европска иднина на Kia беа автомобили како Pride, Sephia и други, модели чие име сега е преточено во ДНК на корејскиот бренд и се дел од генетските предиспозиции со кои присутноста во најголем дел сегменти говори и за подготвеноста за соочување со сите предизвици, наметнати од трендовите на авто-индустријата.

Кросоверот XCeed како четврти член на Ceed семејството заокружува еден важен циклус, правејќи ги продажните салони на Kia задолжителен дел од рутата на купувачите, а неговата позиционираност во најпопуларниот сегмент е искористена како одлична можност за целосна презентација на техничко-технолошката лепеза на производителот.

Класичниот Ceed останува хечбек слабост на европските купувачи бидејќи и четвртата генерација постави нови стандарди во односот инвестирано/добиено, Ceed SW е тука за да не потсети колку комби изведбите се популарни низ Европа, а уникатниот ProCeed e вистинска провокација за оние кои сакаат да се издвојат, оние кои подоцна ќе уживаат во комбинација на купе-комби (караван) со дури 204 коњски сили под поклопецот.

Од неодамна, на ова друштво му се приклучи и XCeed, модерниот кросовер кој според должината се наоѓа меѓу Ceed и ProCeed, повисок е и има поголем клиренс од споменатите роднини, а притоа доаѓа со багажник со 426 литри, повеќе од солидна вредност за својата класа.

Димензиите и габаритот ветуваат просторност, комфор и функционалност, но што дополнително може да понуди XCeed со почетната цена од 18.550 евра.

Систем за спречување фронтален судир и систем за одржување на движењето во лента, сензори и камера за паркирање, двозонски клима-уред, темпомат, 8-инчен централен екран осетлив на допир, предни и задни LED светла доаѓаат како сериска опрема, а оние кои сакаат да направат уште покомплетен производ можат да надградуваат и со 12,3-инчна дигитална инструмент табла која дебитира во понудата на Kia, поголем централен екран и 18-инчни алуминиумски тркала.

Со својот динамичен изглед и силуета чиј заден дел завршува во купеовски стил и со спојлер, XCeed е најтрендовското парче во понудата на Kia, сериозно заканувајќи му се на бестселерот Sportage, кој пак останува прв избор за купувачите кои сакаат и погон на четири тркала.

Помладите купувачи кои тешко ќе му одолеат на динамичниот и спортски изглед на XCeed нема да заборават ниту на факторот конективност, а таму овој модел овозможува најнапредна комуникација со паметните телефони и најпопуларните платформи за поврзување.

Ако остана дилема како Kia од аутсајдер стигна до респектабилен играч во Европа, или како за две и пол децении има шест пати поголема продажба на најголемиот европски пазар (Германија), да потсетиме на најважните постулати на кои беше граден успехот.

Корејците го ангажираа Петер Шрејер да креира автентичен дизајн, а неговиот успех денеска го надградуваат дизајнерски ведети  како Лук Донкерволке и Карим Хабиб, изградија сопствена фабрика во Словачка која денеска е дом на Ceed семејството, ги тестираа и развиваа европските модели на европска територија, а денеска компанијата може да се пофали и модерна централа сместена покрај франкфуртскиот саемски комплекс.

Победничкиот рецепт постојано се усовршува на неколку локации во светот, а Kia XCeed е автомобил кој доаѓа во вистинско време, на вистинско место и 25 години по пристигнувањето на веќе легендарниот Sportage.

Првото поголемо признание, XCeed го доби во Германија, каде му припадна престижниот „Златен волан“ како најдобар избор меѓу автомобилите чија цена не надминува 35.000 евра. Почетната македонска цена е речиси половина од оваа сума, а конкретното пакување за кое постои голем интерес, може да се погледне во продажната мрежа на „Киа Моторс Македонија“.

Кросоверот со X во името заокружува успешна европска фаза на Kia, а следната започнува со процесот на електрификација, чии придобивки наскоро ќе ги почувствуваат и купувачите во нашата земја.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend