Slide

Вести

За 110-годишниот јубилеј, Bugatti го лансира Centodieci – најбрзиот модел на брендот

Slide

Bugatti Centodieci си доби посебно место во историјата на марката со фактот што го поседува најмоќниот мотор, односно 8.0-литарски W16 агрегат со 4 турбини и вкупно 1.600 коњски сили.

23/08/2019

Автомобилскиот производител Bugatti го претстави моделот Centodieci, кој истовремено станува и најмоќен модел во историјата на брендот основан од легендарниот Еторе Бугати.

Бројката 110 која фактички е и името на автомобилот одбележува исто толку години од формирањето на марката, а самиот Centodieci оддава почит на култниот модел Bugatti EB110, чие име ги содржеше иницијалите на основачот и одбележувањето на 110 години од неговото раѓање во 1991 година.

Модерниот дизајн на моќното купе прави комбинација на неговата основа Chiron, но со одредени елементи на историскиот модел, како што се потенки предни светла, помала решетка на предниот дел, како и пет тркалезни странични отвори за воздух.

На задниот дел доминираат големиот дифузер со атрактивните светла и панорамскиот поклопец за моторот кој овозможува негово целосна видливост однадвор, а додадени се и дополнителни отвори за ладење на моторот.

Bugatti Centodieci си доби посебно место во историјата на марката со фактот што го поседува најмоќниот мотор, односно 8.0-литарски W16 агрегат со 4 турбини и вкупно 1.600 коњски сили.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2,4 секунди, а до 300 км/ч се стигнува за само 13,1 секунда. Максималната брзина на овој хипер автомобил ќе биде ограничена на 380 км/ч, а неговото производство ќе биде ограничено на десет примероци, кои ќе бидат произведени наредните две години.

Основната изведба на Bugatti Centodieci чини 8 милиони евра, но среќните купувачи ќе имаат можности за персонализација, што од друга страна значи и поголема продажна цена.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба