Slide

Вести

За две и пол години Opel ќе лансира електричен модел со почетна цена од 25,000 евра

Slide

За време на автомобилското шоу во Минхен, Opel претстави два новитета: Astra Sports Tourer Electric и фејслифт на Corsa Electric.

07/09/2023

Opel, eден од најуспешните брендови во Stellantis групацијата, во 2026 планира да лансира електричен модел со почетна цена од 25,000 евра.

Цената која ја комуницира производителот е малопродажна цена без вклучени субвенции чија вредност варира во европските земји.

“Штом ќе ги лансираме комплетно електричните платформи, ќе може да понудиме цени со кои ќе опфатиме далеку поширока публика”, изјави Флоријан Хуетл, извршен директор на Opel.

Хуетл не даде дополнителни детали за моделот, но веројатно е дека тоа ќе биде сестрински модел на најавениот електричен хеџбек од Citroën кој треба да се појави веќе следната година.

Според Хуетл, сите модели на Opel веќе од следната година ќе се нудат и во електрична изведба, а веќе од 2025, сите новолансирани модели на брендот ќе имаат само електрични изведби.

За време на автомобилското шоу во Минхен, Opel претстави два новитета: Astra Sports Tourer Electric и фејслифт на Corsa Electric.

Opel, исто така, го прикажа и експериментален концепт преку кој го најавува дизајнерскиот и технолошкиот правец на брендот.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа