Slide 1

Вести

За првпат во својата историја Defender стана најдобро продаван модел на Land Rover

Slide 1

Резултатот е и под влијание на приоритетот кој производителот го даде на големиот SUV во обидите да го менаџира недостатокот на чипови.

03/11/2021

JLR продаде дури 16,725 примероци од моделот во третиот квартал, односно заклучно со 30-ти септември, што претставува раст од 70% споредено со истиот период минатата година. 

Резултатот е и под влијание на приоритетот кој производителот го даде на големиот SUV во обидите да го менаџира недостатокот на чипови.

Според плановите на JLR, моделот Defender ќе прерасне во сопствена фамилија на модели, како што е случајот со Range Rover и Discovery, а овие продажни резултати само ја потврдуваат позитивната проекција на менаџментот.

Имено, како што веќе објавивме, комплетна гама на модели со знакот Defender треба да пристигне во автомобилските салони на почетокот од 2025 година. 

Дел од моделите во новата гама се планира да бидат полуксузно позиционирани споредено со тековниот модел. Планирани се и електрични изведби базирани на модерната MLA платформа, кои ќе бидат силен конкурент на Mercedes EQG моделот.

Во меѓувреме, она што му претстои на моделот е изведбата 130 која е значително подолга од тековниот Defender 110, при што најголемата разлика во должината е резултат на продолжениот заден дел.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental