Slide

Стории

За разика од останатите, Volvo реши да го постави LiDAR системот кај моделот EX90 на покривот од возилото

Slide

Li-DAR технологијата всушност користи ласерски светлосни зраци преку кои системот рендерира прецизна визуелизација за просторот околу возилото.

02/11/2022

Инженерите на Volvo дизајнираа не толку впечатлив елемент над покривот на возилото во кој е вграден Li-DAR модулот на новиот електричен знаменосец – големиот SUV EX90.

Во долго очекуваниот електичен знаменосец на Volvo, моделот ЕX90 ќе биде вграден специјален Li-DAR модул, кој ќе овозможи креирање на безбедносен заштитен појас околу возилото.

Li-DAR технологијата всушност користи ласерски светлосни зраци преку кои системот рендерира прецизна визуелизација за просторот околу возилото.

Различно во овој случај е тоа што Volvo избра да го позиционира системот на кровот на возилото, за разлика од останатите производители кои вообичаено ги позиционираат овие системи зад предната маска, односно решетка.

Џон Мејер, директорот за дизајн во Volvo вели дека Li-DAR системот всушност ги претставува очите на возилото.

“Доколку го поставиме системот во маската, тоа е како да имате очи на вашите колена”, вели тој, објаснувајќи дека на тој начин се ограничува прегледноста пред и околу возилото.

“Од друга страна, доколку го поставите високо како ние, може да гледате над возилото и далеку подалеку во хоризонтот”, додава тој.

Според шведскиот премиум производител, Li-DAR системот кој ќе се вградува во EX90, а кој го произведува добавувачот Liminar, може да детектира пешаци на растојание од 250 метри, на брзини и на 130 километри на час.

“Ние имаме 100 степени широкоаголен преглед, а системот постојано го скенира хоризонтот. Моравме да го интегираме системот на неговата оптимална позиција, а тоа е покривот”.

Но, освен предноста при скенирање на патот пред возилото, поставувањето на сензорот на покривот, исто така го штити од оштетувања при сообраќајни незгоди.

Но, поставувањето на системот на покривот влијае негативно врз аеродинамиката на возилото. А, токму аеродинамиката е една од клучните фактори за поголема автономија кај електричните возила. Заради тоа, дизејнерите на Volvo го вметнаа системот во не толку забележливо куќиште во форма на капка.

На овој начин Volvo успеа да добие коефициент на отпор од 0.29. За споредба, моделот Tesla X има коефициент на отпор од 0.24.

Комплетната презентација на големиот SUV е закажана за 9. ноември во Стокхолм, додека првите испораки на моделот се очекуваат кон крајот на следната година.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск