Skip to content

Новитети

Забавно и економично: Seat Mii electric е модерно решение за урбаната џунгла

Погонската единица на Seat Mii electric подразбира електро-мотор со моќност од 83 коњски сили поврзан едно-степена трансмисија, а електро-мобилот на Seat во секој момент располага со вртежен момент од 212 Nm и стигнува од место до 50 км/ч за 3,9 секунди

25/11/2019

Електричните автомобили полека ги освојуваат купувачите во земјите каде и инфраструктурата е подготвена за нивна помасовна продажба, а во поразвиените европски земји се почесто одлуката паѓа на малите автомобили, барем за извршување на секојдневните обврски во градските гужви.

Во голем дел од Европа веќе е достапен Seat Mii electric, првиот електричен автомобил на шпанскиот бренд, кој користејќи ги своите препознатливи и традиционални вредности, сега овозможува мобилност на батерија, намалувајќи ги трошоците за негова експлоатација, а истовремено неутрализирајќи го негативното влијание врз животната средина.

Seat Mii electric важи за најдостапен електричен автомобил во моментов поради односот на цена и автономија кои се добиваат со неговото управување, а претставникот на амбициозниот бренд од Марторел низ Европа барем минимално е поевтин и од роднините Skoda CitiGo iV и VW e-Up.

Привлечниот дизајн и динамичното возење остануваат дел од понудата на малиот Mii electric, а она што најмногу ги привлекува купувачите е автономијата од 260 километри со едно полнење на батеријата. На оние кои не поминуваат повеќе од 50 километри дневно во работната недела, ќе им остане дел од капацитетот и за викенд шопинг, а останатите ќе имаат обврска за полнење на неколку дена, што повторно не е лошо и непрактично сценарио.

Погонската единица на Seat Mii electric подразбира електро-мотор со моќност од 83 коњски сили поврзан едно-степена трансмисија, а електро-мобилот на Seat во секој момент располага со вртежен момент од 212 Nm и стигнува од место до 50 км/ч за 3,9 секунди.

3,5-метарскиот Mii electric гарантира забава зад волан како и целата гама на Seat и тоа е нешто што производителот го потенцира како квалитет кој нема да биде загубен со вметнувањето на електричниот погон, а со користење на „ѕидна кутија“ за полнење од 7,2 kW, батеријата стигнува до 80 проценти за само четири часа.

Секојдневните активности се овозможени и со пристојниот капацитет на багажникот кој започнува со 250 литри, а возачот и патниците ќе располагаат со кок-пит, односно кабина со трендовска архитектура и доволно опции за релаксирано и тивко ситнење на километрите.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend