Slide

Вести

Жан Тод: Формула 1 може да ги загуби автомобилските производители

Slide

13/04/2020

Коронавирусот предизвика сериозна штета на глобалната економија, па со тоа и на автомобилската индустрија, а првиот човек на ФИА, Жан Тод, стравува дека покрај останатите, може да има и уште една поголема последица по најпопуларниот светски шампионат Формула 1.

Во моментите кога сезоната не е ни започната и неизвесно е кога тоа ќе се случи, Тод ги предупреди организаторите и клубовите да ја гледаат големата слика, бидејќи постои опасност од повлекување на дел од големите играчи.

– Следната сезона веројатно сите ќе бидат тука, но тогаш мора да разговараме и да ги слушаме сите страни. Сите го сакаме ова натпреварување, но тоа не е есенцијално за општеството, затоа треба да се направат мудри одлуки.

– Не сум убеден дека најважен приоритет на производителите ќе биде да продолжат да се натпреваруваат во Формула 1 или друг шампионат. Го читав извештајот на Обединетите Нации според кој 25 милиони ќе останат без работа поради оваа криза, па затоа мора да ги почитуваме одлуките на компаниите. Нема да биде драматично ако екипите останат без дел од своите членови, но ќе биде трагично ако останеме без четири клубови во Формула 1, – вели Тод алудирајќи на преговорите на ФИА со клубовите за намалување на годишните буџети.

Изјавата на Тод доаѓа половина година по шпекулациите дека Мерцедес сака да се повлече од Ф1 шампионатот како дел од новата стратегија за намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста и во период кога коронавирусот не беше дел од глобалната слика.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба