Вести

Започна производството на Polestar 2, првите примероци наменети за Европа

Polestar 2 располага со 408 коњски сили и вртежен момент од 600 Nm, a најавената автономија со едно полнење на батеријата е 470 километри

24/03/2020

Компанијата Polestar официјално го започна производството на електричниот автомобил Polestar 2, кој од фабриката на Geely во Кина, ќе биде извезуван и во Европа.

Новиот бренд формиран од Volvo Cars има големи амбиции во електро-мобилноста, а Polestar 2 ќе се истакнува со атрактивен дизајн и моќен електричен погон. Ова е втор модел на новиот бренд, откако претходно беше лансиран плаг-ин хибридот Polestar 1.

– Целиот свет во моментов се соочува со еден голем предизвик каква што е пандемијата со коронавирусот. Го започнуваме производството во деликатни услови, но фокусот секогаш ќе ни биде здравјето на вработените, – истакнал CEO на Polestar, Томас Ингенлат.

Polestar 2 располага со 408 коњски сили и вртежен момент од 600 Nm, a најавената автономија со едно полнење на батеријата е 470 километри. Важен новитет е инфо-забавниот систем кој целосно е развиван со Android и има одлична соработка со сите сервиси на Google, a најавената цена во Германија е 57.900 евра.

Првите примероци на Polestar 2 се наменети за европските купувачи, а потоа ќе бидат испорачани примероците за САД и Кина.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider