Slide
Slide

Вести

Започна производството на ванови на Peugeot, Citroën и Opel со погон на водород

Slide
Slide

Примарниот извор на енергија се водородните ќелии со капацитет од 45 kW, и резервоар од 4.4 килограми, кој може да се наполни за само три минути.

21/12/2021

Комерцијалните ванови на групацијата Stellantis комбинираат погон од водородни ќелии и батерии за достигнување на автономија од 400 километри.

Во Stellantis започна ерата на вановите со погон на водород. Имено, групацијата започна со ограничено производство на ванови од (Light Commercial Vehicle) LCV програмата на брендовите Citroën, Peugeot и Opel.

Според планот, Peugeot ќе ги испорача првите e-Expert водородни ванови на компанијата Watea, која е во сопственост на Michelin Group. Првиот клиент на Citroën ќе биде енергетската компанија Suez, додека првите Opel Vivaro-e ванови ќе бидат наменети за производителот на апарати за домаќинство, компанијата Miele.

Вановите се комплетно електрични изведби, а користат хибриден погон кој може да испорача 400 километри автономија според WLTP циклусот. Но, клучната предност на овие ванови е тоа што, за разлика од конвенционалните електрични возила, тие нема да треба да поминат повеќе часови за повторно полнење на нивните батерии.

Основата на погонот е 10.5 kWh батерија, која може да се полни со класичен електричен полнач, а која обезбедува околу 50 километри автономија. Оваа автономија е вклучена во вкупните 400 километри кои ги комуницираат производителите.

Но, примарниот извор на енергија се водородните ќелии со капацитет од 45 kW, и резервоар од 4.4 килограми, кој може да се наполни за само три минути.

Производителите објавија дека водородниот погон не го намалува товарниот волумен, кој изнесува 5.3 кубни метри за покусата изведба, односно 6.1 кубни метри за подолгата. Вановите имаат товарен капацитет од еден тон.

Вановите ќе бидат произведувани во фабриката Sevel Nord во Франција, а потоа ќе биат конвертирани во погон на водород во центарот за технологија за водород во Риселсхајм, Германија.

Цените за овие возила не се соопштени од страна на брендовите.

Stellantis не е единствената групација која во Европа има лансирано ванови со погон на водород. Renault има водородни изведби од малиот ван Kangoo и големиот ван Master, а во план е водородна изведба на Traffic, ванот со средна големина на брендот.

Водородниот погон е познат како алтернатива на електричниот погон, но технологијата не е распространета заради недостаток од инфраструктура за полнење, цената на погонот, како и грижата за начинот на добивање на водородот.

За време на една презентација годинава, Stellantis објави дека Германија во моментов има околу 90 станици за полнење на водородни ќелии, додека Франција има само 25.

Сите аналитичари, па и производителите предвидуваат дека првичната примена на овој погон би била во комерцијалните возила, кои патуваат во предефинирана рута секој ден и се враќаат на иста локација за полнење. Ваквата пракса би ги анулирала негативните ефекти од практично непостоечката инфраструктура за полнење.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс