Slider

Новитети

Заводникот добива на практичност: Електричниот Fiat 500 доби 3+1 изведба

Slider

Fiat 500 3+1 го објаснува концептот според кој на автомобилот е додадена дополнителна врата на совозачката страна, врата која се отвора во спротивен правец од предната и овозможува полесен пристап до задната клупа на малиот автомобил

22/10/2020

Новата генерација на Fiat 500 претставува модерен, електричен автомобил кој носи и трендовско ажурирање на препознатливите дизајнерски рамки на италијанската легенда.

По кабриолет и класичната хечбек изведба, Fiat денеска го комплетираше портфолиото на Nuоva 500 со изведбата 3+1, која ќе донесе дополнително освежување во сегментот.

Fiat 500 3+1 го објаснува концептот според кој на автомобилот е додадена дополнителна врата на совозачката страна, врата која се отвора во спротивен правец од предната и овозможува полесен пристап до задната клупа на малиот автомобил.

Еволуцијата на Fiat 500 во неговата трета генерација донесе и трета изведба, која според производителот е исполнување на барањата на купувачите. Младите возачи кои во минатото го користеле автомобилот за урбани авантури, денеска се родители кои во Fiat 500 ги возат своите деца и им е потребен полесен пристап до задните седишта, а таа активност ќе им биде многу поедноставна со 3+1 изведбата.

Истовремено, отсуството на централниот столб подразбира и полесно сместување на одреден предмет на задната клупа, а не само што димензиите на Fiat 500 остануваат исти, туку и тежината се зголемува за само 30 килограми.

Италијанците не забораваат ниту на безбедноста, па дополнителната врата се отвора само откако ќе биде отворена предната врата на совозачката позиција.

„La Prima“ нивото на опременост кое ќе ја отвори продажбата и на Fiat 500 3+1 подразбира премиум карактеристики, со многу системи за безбедност, целосни LED светла, 10,25-инчен екран, 17-инчни двобојни тркала, еко-кожа во ентериерот и специјална ознака за ексклузивната серија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider