Slider

Вести, Стории

Жил Видал за концептите на Peugeot: Секој елемент има своја приказна

Slider

20/04/2020

Минатото, застапено преку елементи кои потсетуваат на поранешните модели, форми кои се дел од она што може да го очекуваме во иднина и технологија која е демонстрација на потенцијалот на таа иднина – ова би било барем приближно точно објаснување на начинот на кој Peugeot ги подготвува своите концепти.

Доаѓањето на Жил Видал на најодговорната позиција во дизајнерскиот тим отвора едно посебно поглавје во историјата на Peugeot, бидејќи Видал инсистира на дополнителен ангажман во однос на автомобилите-концепти.

За него тие имаат главна улога во остварувањето на стратегијата за придвижување на брендот поблиску до премиум ривалите, но истовремено се и еден вид дизајнерско-технолошка енергија која го „храни“ неговиот тим при креирањето на новитетите.

– Концептите не се автомобили-играчки, туку вистински работни платформи. Често поседуваат форми кои во моментот не можат да се протолкуваат, најчесто е погрешно да се толкуваат како целина, туку треба да размислуваме дека секој елемент има своја тајна, своја приказна. На пример, концептот Fractal од 2015 година најави дел од формите на предниот и задниот дел на актуелниот Peugeot 208, кој е прогласен за Европски автомобил на годината, – порача Видал во своето видео обраќање кое им беше достапно на сите автомобилски фанови.

Exalt уште во 2014 година го најави атрактивниот изглед на актуелниот Peugeot 508

– Секако, има и концепти кои се многу блиску до модели за сериско производство. На пример, концептот Exalt претставен во Пекинг во 2014 година, е она што денеска го знаеме како 508. Од тој концепт може да се пронајде инспирација и за дел од ентериерот на Peugeot 3008, – вели Видал.

Прв концепт на Peugeot во ерата на Видал се смета SR1, автомобил кој во 2010 година најави дел од формите на идниот 208 и уште поважно, првпат го навести она што денеска го знаеме како i-Cockpit.

Концептот SR1 од 2010 година како најава за иднината на Peugeot во ерата на Видал

Францускиот дизајнер чии концепти и автомобили освојуваат многу признанија не заборави да го спомене и концептот e-Legend, но и предизвикот кој го носел со себе бидејќи се работи за модерна реинтерпретација на 504 Coupe од 1969 година, дизајнирано од Pininfarina.

e-Legend донесе многу комплименти за Видал и неговиот тим по премиерата на Саемот во Париз во 2018 година

Истовремено, Видал потенцира дека електричните автомобили се иднина, но тоа не значи дека дизајнот на автомобилите треба да биде исполнет исклучиво со футуристички форми.

– Ние бираме дизајн кој може да се користи без разлика на погонот, а вистински пример за тоа е новата генерација на Peugeot 208, кај која нема разлики без оглед на тоа дали се работи за бензинска, дизел или електрична изведба. Електрификацијата е природен процес, па такви треба да бидат и формите на нашите автомобили, одлучно вели Видал.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider