Slide
Slide

Вести

Зилаф замина, Bentley доби нов главен дизајнер

Slide
Slide

13/01/2021

Еден ден по објавената информација дека Штефан Зилаф го напушта најодговорното место во дизајнерскиот тим на Bentley, брендот го соопшти и името на неговиот наследник.

Се работи за групациски трансфер, односно нов главен дизајнер на Bentley ќе биде Андреас Миндт, кој досега беше дел од дизајнерскиот тим на Audi, а во иднина ќе го предводи дизајнерскиот тим на британскиот бренд во Кру.

Миндт е експерт за дизајн на екстериер и последниот период учествувал во создавањето на повеќе нови модели на Audi, но пред се и на Q8 и e-tron, кои се издвојуваат со својот привлечен SUV дизајн.

Bentley најави дека започнува со трансформација на својата гама, која до 2030 година треба да биде исполнета само со електрични автомобили, па Миндт ќе има важна улога во реализацијата на оваа стратегија.

Од друга страна, европските медиуми шпекулираат дека Зилаф ја прифатил понудата на Geely, па во иднина ќе работи на проектите на кинеската групација.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1