Slider

Вести

Жителите на француско село ќе возат само електричен Renault Zoe наредните три години

Slider

Жителите на Апи ќе ги користат автомобилите приватно и службено, минувајќи низ различни делници, од подножјето на Пиринеите до излезите на медитеранскиот брег, а Renault Zoe ќе им овозможи солидна автономија со најавените 395 километри обезбедени со едно полнење

24/07/2020

Renault реши да направи интересен експеримент доставувајќи 25 примероци на електричниот Zoe во едно француско село, чии жители-возачи наредните три години ќе возат исклучиво на струја.

Се работи за селото Апи на југот на Франција, кое се наоѓа во планинска област, а чии жители поддржани од Renault сега ќе го тестираат капацитетот на Zoe во реални услови и без никакви ограничувања.

Секоја куќа ќе добие „ѕидна кутија“ за полнење, а на неколку локации ќе бидат поставени и јавни полначи, со што производителот го заокружува концептот од кој ќе добие вистински информации за актуелниот статус на електромобилноста.

Жителите на Апи ќе ги користат автомобилите приватно и службено, минувајќи низ различни делници, од подножјето на Пиринеите до излезите на медитеранскиот брег, а Renault Zoe ќе им овозможи солидна автономија со најавените 395 километри обезбедени со едно полнење.

Целта на Renault е да покаже дека електричните автомобили се практични, дури и во места кои се одалечени од големите урбани заедници и метрополи, а функционалноста на Zoe ќе донесе нов импулс за се поголем број фанови на овој тип погон.

Иако Renault мораше да се соочи со пад на продажбата поради коронавирусот, токму Zoe оствари нови позитивни резултати, зголемувајќи ја својата продажба за 50 проценти во однос на истиот период минатата година и во моментов е најпродаван електричен автомобил во Европа со испорачани 37.540 примероци во првата половина на годината.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider