Slide

Стории

Жителите на Луксембург возат најнови автомобили во Европа, Литванија и Естонија на дното

Slide

19/08/2020

Просечната старост на возниот парк е добар индикатор и за економската ситуација во секоја земја, но и други фактори поврзани со приоритетите на купувачите, кои често не се поврзани со нов автомобил.

Европската Унија редовно ги анализира податоците поврзани со регистрираните автомобили на годишно ниво, а тие за 2018 година се објавени од страна на Европската асоцијација на автомобилски производители (ACEA).

Статистиката вели дека своите автомобили најчесто со нови ги заменуваат жителите на Луксембург, каде просечната старост на регистрираните автомобили е само 6,4 години.

Од поголемите пазари во Европската Унија, тука е Австрија со просек од 8,2 години, што е еднакво на просечно останување на пазарот на една генерација на одреден модел.

Следува Данска со просечни 8,8 години, во Белгија и Франција просекот е 9 години, додека Германците менуваат автомобил на 9,5 години.

Словенците се држат одлично со просечна возраст на возниот парк од 10,1 година и имаат предност и во однос на Италија (11,3 години), а посебно во однос на соседна Хрватска (12,6 години).

Најлошо котираат Литванија и Естонија со 16,9 и 16,7 години, а блиску е и нашиот сосед Грција со 15,6 години. ACEA нема достапни податоци за Бугарија, па за жал не може да се утврди податокот кој би бил интересен.

Останува да се истакне дека Велика Британија има просек од 8 години старост на возниот парк, па иако веќе не е дел од ЕУ, вреди да се потенцира дека возачите почесто ги менуваат автомобилите во споредба со тие од останатите поголеми европски пазари и економии.

Просечната старост на регистрираните автомобили во Македонија е нешто над 19 години.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан