Slide

Новитети

Знаменосецот на BMW, електричниот i7, добива и спортска M изведба

Slide

Задниот мотор на i7 M70, за кој производителот вели дека е најмоќниот електричен мотор, има сила од 483 hp, додека вториот мотор генерира сила од 255 hp.

20/04/2023

Кога ќе се појави во втората половина на годинава, моделот BMW i7 М70 xDrive ќе биде најбрзиот и најмоќен модел во портолиото на германскиот премиум производител.

Два електрични мотори ќе генерираат сила од 650 hp, а забрзувањето од 0-100km/h. ќе биде 3.5 секунди.

Моделот дебитираше на саемот за автомобили во Шангај. Сите погонски изведби на 7 Series се базирани на една платформа, најновата итерација на CLAR платофрмата и имаат во основа ист каросериски изглед.

Задниот мотор на i7 M70, за кој производителот вели дека е најмоќниот електричен мотор, има сила од 483 hp, додека вториот мотор генерира сила од 255 hp.

Двата мотора ја добиваат електричната енергија од батеријата со капацитет од 101.6 kWh.

Спортската изведба на i7 се издвојува од останатите преку црни детали, а производството ќе започне ова лето во Динголфинг, Германија.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година